Паметните камери на Nest ве гледаат дури и кога се исклучени, открива ново истражување. Иако камерата е дизајнирана така што може да се исклучи со помош на апликација за паметен телефон за да престане со снимање, сепак ова единствено ќе ја исклучи диодата што емитира светлина. Камерата продолжува да снима. Од Nest велат дека кога е исклучена камерата не испраќа податоци, но истражувањето на ABIResearch и анализата на потрошувачката на енергија, покажуваат нешто друго.
Дури и по исклучувањето на камерата, Nest Cam влече 340mA, што е намалување од едвај 30mA. „Кога некој уред е во стендбај очекувате потрошувачката да биде значително помала. Во овој случај, уредот повлекува малку помалку струја намалувајќи од 370mA на 340mA. Во ваков случај очекувате намалување на струјата од 10 до 100 пати,“ велат истражувачите од ABI за ВВС.
Камерата доаѓа со аудио сензори и сензори за движење, кои служат како алармен систем, односно можат да ја вклучат камерата и да го алармираат сопственикот за невообичаена активност.
Nest објасни дека кога е исклучена камерата не ги испраќа податоците на облакот, но поради тоа што камерата има сензори за набљудување во било кој момент, никогаш не може да биде потполно исклучена.