1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Се бира Сајт на годината 2015

На 14 декември ќе се одржи шестото прогласување на најдобар македонски вебсајт. Но, пред тоа треба да гласате за вашиот Сајт на годината. Иако најдобрите сајтови во 18 категории повторно ќе ги бира жири комисија, која ги оценува сајтовите според неколку критериуми, сепак публиката влијае со 40 отсто од гласовите во изборот. Гласањето ќе трае до 9-ти декември.

Ова е шести Сајт на годината, и бидејќи македонскиот Веб не е огромен простор веќе беа прогласени најпопуларните сајтови како победници, и тоа по неколку пати. Oваа година повторно се повторуваат најголем дел од номинираните сајтови, иако се гледа дека е направен напор да бидат избегнат очигледните конкуренти во категориите каде претходно победиле. Сајтовите ги номинира публиката, но гласањето ќе биде клучно бидејќи Сајт на годината треба да го мотивира македонскиот веб простор да се развива.

Настанот повторно е во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, под покровителство на ИАБ Македонија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top