0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2015

ИТ настан: Гласајте за фаворитите на Блогираме и Twitter награди 2015

Македонската блог платформа Blogirame.mk и оваа година, по четврти пат, ќе организира награди за најзабавен блог и Twitter профил. Доделувањето на наградите ќе биде на 18 декември во МКЦ Кино Фросина, но она што е најважно е дека гласањето за избор на најдобрите веќе е почнато.

„Значи почна гласањето и веќе има прилично измешани чувства околу истото. Момци и девојки особено оние што не сте биле на #твитернагради не избрзувајте со заклучоци, дојдете повелете на 18 декември во МКЦ Кино Фросина и видете што се случува и ако не ви се допаѓа не доаѓајте веќе. ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО!!!“ велат од Blogirame.mk.

Категориите се слични од претходната година, и овој пат се триесетина – од најсекси блогер, најдобар нов блогер, најдобри твитерџии, трета смена, најдобар твит и одговор до најдобар хаштаг, и куп други награди. „Од најсекси блогер/блогерка до најдобар блог, кампања, твит или реплај, гласајте за најдобрите и најзабавните, пред да биде доцна, а потоа „сите сме победници и идеме у МКЦ да се зезаме и поминеме убаво затоа што ова е нашиот цајтгајст“, велат од Блогираме.мк.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top