Google треба да избрише 1,2 мил. линкови поради „правото да бидеш заборавен“

Google доби 348.085 барања да избрише 1,2 милиони линкови од резултатите кои се појавуваат во пребарувачот. Овие барања се поднесени според европското право да бидеш заборавен, кое им дава право на корисниците да побараат линкови кои ги поврзуваат со нерелевантни и стари содржини да не се појавуваат во резултатите. Веќе 42 отсто од овие линкови се отстранети од резултатите, вели Google.

Заедно со резултатите Google сподели и неколку примери за стории кои биле отстранети, но и примери за линкови кои Google не ги отстранил. Доколку во резултатите се појавуваат лични податоци на корисник, по негово барање Google ќе ги отстрани линковите. Од пребарувачот се отстрануваат и резултатите за помалите криминални прекршоци. Но, доколку станува збор за поголем прекршок кој е потврден со судска пресуда линковите остануваат во резултатите.

Иако Google соработува со Европската комисија кога е во прашање правото да се биде заборавен, сепак Google се труди да го оспори барањето на суд. Едно од прашањата за кое често се говори не само од Google, туку и од онлајн изданијата на весниците, па дури и од основачот на Wikipedia е правото на јавноста да има пристап до информациите.

Најголем број од барањата доаѓаа за линкови од друштвени мрежи, поточно од адреси како facebook.com, profileengine.com, groups.google.com, youtube.com, badoo.com, plus.google.com, annuaire.118712.fr, twitter.com, wherevent.com и 192.com. Дури 9 отсто од линковите за кои се бара отстранување доаѓаат од овие сајтови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] гаранции за својата приватност и поголем пристап до правото да бидеш заборавен онлајн. Оваа право им е дозволено на корисниците кои […]

trackback

[…] приватноста. До Google веќе се поднесени околу 350.000 барања за бришење на […]