Програмер си ги хакна работните обврски на генијален начин

во Софтвер

https://stocksnap.io/photo/A953AB0856

Без разлика колку сте кул, никогаш нема да бидете кул како програмерот кој си ги автоматизираше своите работни обврски. Од скриптите на непознатиот програмер, која ја сподели Нихад Абасов, може да се види дека тој ги автоматизирал сите обврски кои би можеле да му одземат повеќе од 90 секунди – од одговор на имејл на соработници до испраќање на SMS пораки за жена му.

Откривањето на овие скрипти е сосем случајно откако нивниот автор го промени работното место, а неговите колеги пронашле вистинско богатство. Има скрипта, достапна на Github, за автоматско испраќање пораки на неговата сопруга во случај кога доцни, со причината која е избрана по случаен избор. Има скрипта која испраќа имејл до колегите доколку доцни на работа со содржина „не се чувствувам добро/ќе работам од дома,“ доколку не е активен на серверот во канцеларија во 8:45. Друга скрипта автоматски одговара на имејл пораките со опција да пребарува за клучни зборови како помош, незгода или извини. Таа скрипта испраќа повратна порака со содржина „Без грижа, биди внимателен во иднина“.

Сепак, најимпресивна е скриптата со која го автоматизира правењето на кафе. Скриптата чека 17 секунди потоа отвора SSН сесија со апаратот за кафе и испраќа команда за приготвување на кафе. По точно 24 секунди го сипува кафето во шолја. Ако се прашувате „зошто 24 секунди?“, тоа е времето потребно да стане, и изоди од масата до апаратот за кафе.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk