0 коментари 2 мин. читање 23 ноември, 2015

Duo Bombs е нова македонска игра

Duo Bombs е првата видеоигра на македонското студио Noxon Games. Студиото е основано од двајца браќа, студенти на ФИНФКИ, Усамедин и Денис Нухији, кои велат дека работат на Duo Bombs активно веќе два. месеци. „Моментално работиме на подобрување на гејмплејот и дизајнот. Имаме уште една недовршена игра која планираме да ја довршиме понатака. Инаку ние сме активни гејмери, па затоа и влеговме во светот на правење игри“.

Играта е достапна на Google Play, а иако е едноставна, сепак е вистински предизвик. Како многу слични видеоигри и Duo Bombs наликува дека е инспирирана од Flappy Bird, иако станува збор за некаков спој на Flappy Bird и Temple Run. Ова најверојатно не е првиот „топ скролер“ што сте го играле, па најверојатно дел од играчите веднаш ќе ги препознаат правилата. Она што ја прави Duo Bombs различна и тешка е управувањето со двете бомби, со кои треба да ги избегнете препреките. Ова звучи поедноставно отколку што всушност е, бомбите се поврзани двете ротираат заедно.

duobombs

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top