ИТ настан: Обука за новинарство со отворени податоци

во ИТ.МК

Што се отворени податоци, како да ги лоцирате, преземете, анализирате и визуелизирате преку интерактивни веб алатки? И поважно како да им дадете смисла во новинарски, информативен и истражувачки контекст?

Ова е темата на бесплатната обуката за користење на отворени податоци која ќе трае од 28 и 29-ти ноември, закажана во просториите на Coffice, Скопје. Обуката ќе се одржува на англиски јазик, а тренер ќе биде Марко Тулио Пирес, програмски менаџер на School of Data во рамките на Open Knowledge Foundation. Обуката ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Рокот за пријавување е до 26-ти ноември.

Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија, да се поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци за да можат да им дадат смисла и значење. Идејата е дека со организирање на отворените податоци да се направат алатки и апликации со кои ќе се зголеми транспарентноста и информативноста за владините проекти и зголемување на граѓанското учествово креирањето на политиките.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments