Tumblr стартува месенџер за директна и минимална комуникација

Tumblr, во сопственост на Yahoo, е една од покреативните блог платформи која има 260 милиони блогови, кои се уникатни и поразлични од останатите блогови и друштвени мрежи. Tumblr е платформа за луѓето што се млади, кул и што ја искажуваат својата креативност преку визуелни постови. Но, ако другите друштвени мрежи изградија цели бизниси и заедници благодарение на комуникацијата меѓу корисниците, на Tumblr се користеше Fan Mail, што е во суштина имејл комуникација. Ова беше проблем за бизнисите и корисниците кои сакаат директен контакт со своите клиенти и комуникација во реално време.

Тоа сега Tumblr го решава со стартување на чет. Платформата додаде чет функционалност на своите блогови, односно овозможи испраќање на текст пораки со кои корисниците ќе можат веднаш да контактираат било кој друг на платформата. Започнувањето на разговор ќе биде едноставно со притискање на копче, иако сите нема веднаш да добијат надградбата. Сигурен начин за активирањe на Tumblr Chat е некој да ви испрати порака, по што услугата веднаш ќе ви биде достапна. Пораките пристигаат за веб, Android и iOS верзијата на Tumblr.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments