Вести

3.495 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Друштвени мрежи

Со HeyReach македонскиот стартап Howitzer ќе го освојува LinkedIn

Добар дел од денес успешните стартапи и компании започнале со решавање на некој недостаток во постоечките индустрии. Uber го направи ова за такси превозот, Airbnb со изнајмувањето станови, а македонскиот стартап Howitzer, кој во декември, 2022-ра го прогласивме за .мк стартап на месецот по нивната инвестиција од 500.000 US, ќе се обиде да надмине проблем […]

0 коментари Прочитај 10 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

Истакнете го курсорот при демонстрации со MouseCast

Во случај да често држите онлајн предавања или пак снимате туторијали, тогаш знаете дека е исклучително важно курсорот да е видлив и визуелно да ги истакнува сите движења, кликнувања и одбележувања. Најновата верзија на MouseCast ви помага одлично да го насочите вниманието на гледачите така што ја менува формата на курсорот во голем концентричен црвен […]

0 коментари Прочитај 9 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Нов начин на измама – вештачка интелигенција која имитира глас

Криминалци и измамници пронајдоа нов начин да изнудат пари од жртви користејќи ги последните трендови – вештачка интелигенција. Испраќаат гласовни пораки генерирани од вештачка интелигенција тренирана на гласовите на членовите на семејството. Жртвите кои се измамени исплаќаат илјадници долари. Најтешкиот дел од измамата е да дојдат до доволно голем сет на податоци на кој може […]

0 коментари Прочитај 9 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

TikTok во обид да ја „шармира“ Европа

Две недели откако TikTok доби најава за забрана за користење во институциите на Европската унија, видео платформата ќе се обиде да ја врати довербата. Со надеж дека ќе ги убедат политичарите дека нема опасност од кинеско шпионирање, компанијата испраќа претставници во најголемите градови во Европа. Ерик Андерсен од TikTok ќе ги посети законодавците во клучните […]

0 коментари Прочитај 8 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Најдобри игри со женски хероини, во чест на меѓународниот ден на жените!

Денеска е меѓународниот ден на жените, денот кога се одбележува борбата за рамноправноста помеѓу половите и ден кога се величи храброста, истрајноста, интелигенцијата и решителноста на жените! Една уметничка форма во која доаѓаат до израз сите овие квалитети е во гејминг индустријата, а она што следи се најдобрите игри со женски хероини, наслови кои сведочат […]

0 коментари Прочитај 8 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Свет

Технологија која ќе експлодира во 2023: Вселенски телескоп Џејмс Веб

На крајот на 2021 година NASA во партнерство со ESA и CSA ги лансираа Вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Телескопот регистрира инфрацрвено зрачење од далечни вселенски тела. Џејмс Веб може да детектира зрачење од објектите кои се настанати по големиот-прасок. „Џејмс Веб“ е најголемата и најмоќна вселенска опсерваторија пуштена во употреба досега. Телескопот е 100 пати […]

0 коментари Прочитај 8 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

По серијата отпуштања само еден инженер дел од тимот за промените во Twitter API

Отпуштањата на илјадници вработени во период во кој Twitter се обидува да направи трансформација секако не можеше да помине без никакви проблеми. Корисниците на Twitter кои ја посетија платформата на почетокот на неделата видоа сосем нефункционален микроблог. Линкови кои не функционираат, непостоечки слики во твитовите, беа еден дел од грешките. Обидот за отворање на било […]

0 коментари Прочитај 7 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Совети

Блокирајте непродуктивни апликации и фокусирајте се на она што е важно со AppBlock

Facebook, Twitter, TikTok. Ова се едни од апликациите кои најчесто го привлекуваат нашето внимание и негативно влијаат на нашата продуктивност. AppBlock е апликација за iOS и Android, а се испорачува и како екстензија за прелистувачот Chrome. Целта на апликацијата е едноставна и се залага да го отсече вашиот пристап до непродуктивните апликации и веб сајтови […]

0 коментари Прочитај 7 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Совети

Добивајте рецепти за оброци од вештачката интелигенција со ChefGPT

Правењето вкусни јадење не е едноставна работа. Знаете како викаат, не е еден ден па да се снајдеме, се работи за секој ден, три пати во денот. Згора на тоа, често се чувствувате како да немате доволно намирници за да направите нешто што личи на достоен ручек. Во таа ситуација, зошто да не дозволите вештачката […]

0 коментари Прочитај 6 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Хардвер од минатата недела: Lemur 2, Moto Rizr, Nokia G22, Ryzen 7950X3D…

Без разлика дали ве интересираат паметни телефони, дронови, процесори, oваа недела изобилува со куп интересни хардвер вести. Неделава во Барселона се одржи Mobile World Congress. Иако настанот веќе ја нема привлечноста од пред неколку години, сѐ уште може да ги видиме трендовите во индустријата. Nokia G22 Паметните телефони на Nokia одамна не е се произведуваат […]

0 коментари Прочитај 3 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Софтвер

Бесплатно создавајте презентации, постери, логоа и впечатливи постови за социјални мрежи со Polotno Studio

Често пати кога ќе се започне дискусија за визуелно-импресивни постови, флаери и постери, Canva е алатката која се споменува. Но, Canva не е целосно бесплатна алатка и за одредени понапредни функции, односно дизајни, потребно е да се претплатите. Polotno Studio е целосна бесплатна алтернатива на Canva и доколку и пружите шанса, ќе забележите дека воопшто […]

0 коментари Прочитај 3 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Европската комисија го намали бројот на прекршоци за кои е обвинет Apple

Оваа недела Брисел објави дека нема да се фокусира на обвинувањето дека Apple ги принудува развивачите на апликации да го користат нивното плаќање во апликациите. Сепак ова не е сосем добра вест за американската компанија. Комисијата за заштита на конкуренцијата, ќе се фокусира на начините на кои Apple ги ограничува девелоперите да ги известат корисниците […]

0 коментари Прочитај 2 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Стефан Савевски Веб Криптовалути

Дали банките се спас за крипто светот?

Каде што има чад, има и оган. Крипто светот почна да чади во моментот кога цените почнаа да паѓаат, а огнот ги зафати скоро сите сфери од Web3 индустријата. Штом се шири паника, активностите на големите институции како централните банки и регулаторните тела почнуваат да се движат. Криптото е тука само неколку години, а банките […]

0 коментари Прочитај 2 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

Променете ги изгледите на вашите фолдери со Dr. Folder

Независно од верзијата на Windows оперативниот систем кој моментно го користите, општото мислење е дека иконите на фолдерите и документите се премногу монотони и статични, нешто што е неизбежно кога со години клкнувате на едни исти работи :) Доколку сакате да го смените изгледот на иконите, самиот Windows оперативен систем ви нуди лесни можности за […]

0 коментари Прочитај 2 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Софтвер

Претворете го вашиот телефон или таблет во втор монитор со SpaceDesk

Многу пати кога работиме на лаптоп би можеле да посакаме да имаме дополнителен монитор приклучено. Во ситуација кога немате монитор, би можеле да го поврзете вашиот телефон или таблет. Да, мал телефон или таблет не можат да ги заменат предностите кои доаѓаат од голем монитор, но подобро нешто отколку ништо. SpaceDesk e апликација која ефикасно […]

0 коментари Прочитај 1 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Бојан Стојковски ИТ.ЕУ Премиум содржина

Една година подоцна, украинската ИТ индустрија продолжува да и пркоси на војната

Една година по почетокот на војната, украинската ИТ индустрија продолжува да им пркоси на тешките услови. И покрај тековниот конфликт со Русија, украинските стартапи и етаблираните компании во ИТ секторот наоѓаат начини да се справат со предизвиците и да останат продуктивни.  Според Forbes во Украина има повеќе од 4.000 активни […] За пристап до оваа содржина, мора да купите PRO членство.

0 коментари Прочитај 1 март, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.МК

PC Game Pass (Preview) на Microsoft официјално достапен во Македонија

Одлични вести за сите љубители на видеоигрите. Microsoft и официјално ја проширува листата на држави во кои ќе биде достапен сервисот. Македонија е на листата држави од Европа, Африка и Азија во кои љубителите на видеоигри ќе имаат пристап до стотици игри. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека за прв пат досега носиме преглед […]

0 коментари Прочитај 28 февруари, 2023
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Игри кои ќе излезат во март

Месецот март е полн со игри кои се закануваат да ги задоволат и најзагрижените гејмери. На самиот старт, Dark Souls/ Elder Ring ентузијастите ќе пробаат да го добијат нивниот фикс преку Wo Long: Fallen Dynasty – акциона RPG игра која ќе биде бесплатна за Game Pass претплатниците. На самиот крај од месецот, пак, ќе излезе […]

2 коментари Прочитај 28 февруари, 2023
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Take It Down: Нова алатка од Meta која треба да спречи ширењето на интимни фотографии на тинејџери

TakeItDown е нова aлатка од Meta која треба да помогне да се спречи ширењето на интимни фотографии на лица помлади од 18 години. Алатката овозможува отстранување на слики и видеа без истите да бидат аплоудирани онлајн и да станат дел од некоја поголема база на податоци. TakeItDown е обид да се прекинe онлајн „сексторцијата“ кај […]

0 коментари Прочитај 27 февруари, 2023
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција .мк стартап на месецот Веб

Почетоците на Native Teams – лондонско-битолски стартап тежок 2 милиони евра [.мк стартап на месецот]

Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [февруари, 2023]: Native Teams е глобална FinTech платформа  за плаќања и регулирање на статус на вработување, поддржана од виртуелен паричник и […]

0 коментари Прочитај 27 февруари, 2023
Мени
Заедница
Изглед