Нема никакво сомневање дека е исклучително стресно да се биде тинејџер, особено кога се работи за разбирање и контролирање одредени емоции. Во такви ситуации чести и искрени разговори со родител знаат да помогнат, но во денешно модерно време, помош може да се најде и на невообичаени места – во морето од интересни апликации.
Во оваа прилика разгледуваме три од нив! Пред и да помислиме да ги претставиме апликациите што ги изделивме за вас денес, една работа мора да потенцираме: тие не се замена за вашата обврска како родител! Тие се дополнително средство кое може да го применувате во паралела со вашата обрврска како родител. :)
Smiling Mind: Meditation App, за Android и iOS
Од Австралиска непрофитна организација произлегува целосно бесплатна апликација која ги води младите умови низ различни сесии на медитација, се со цел да се навремено заменат чувства на стрес и анксиозност со чувства на мир, среќа и релаксираност.
Преку креативни и забавни програми за учење техники на медитација, тинејџерите интимно се запознаваат со нивните најдлабоки мисли. Независно од тоа дали децата имаат проблеми на училиште, проблеми со спиење, учење или недоволна физичка активност, техниките од апликацијата се осмислени за да го поттикнат позитивното, а да го задушат негативното.
Нека вашите деца мислат правилно, а дишат длабоко, со фокус кој е посветен на работите кои навистина вредат. А, во случај да забележувате нешто попроблематично, тогаш втората апликација би можела дополнително да помогне.
Calm Harm – manage self-harm, за Android и iOS
Само повредување доаѓа во многу форми, но нивната деструктивна алфа и омега се сведува на физичко и емоционално само повредување. Calm Harm е бесплатна апликација чии содржини се засновани на таканаречената терапија за дијалектично однесување или Dialectical Behavior Therapy.
Иако на апликацијата никако не би требало да се гледа како професионална алатка за правилно дијагностицирање и совети, нејзината употреба сепак ја препорачуваме поради феноменалните активности кои трајат од 5 до 15 минути, а се замислени да пружат услови за утеха, одвлекување внимание, изразување, релаксирање и правилно дишење.
Сите активности се замислени да поттикнат позитивни чувства и да го охрабрат течењето на креативна и конструктивна енергија. Енергија која дополнително можете да ја препознаете и негувате со нашата трета апликација.
MindDoc: Your Companion, за Android и iOS
Порано, кога пишувањето беше тренди и кул, децата сакаа да водат дневници во кои ги внесуваат активностите од денот и размислуваат за нив. Родителите кои го охрабруваа ова, знаеја како да ги наведат младите умови критички да ги анализираат настаните на денот, самите тие да доаѓаат до важни заклучоци и подобро да се водат себеси во деновите кои следат.
Со нови времиња доаѓаат нови модерни методи, а нема да најдете помодерна од MindDoc. Грубо кажано, се работи за дневник за емоционално здравје за тинејџери, но и за возрасните лица. Преку уникатна комбинација од листање дневни активности, се создаваат одлични можности на увид и справување со проблематични емоционални состојби.
Иако апликацијата не е целосно бесплатна, сепак препорачуваме да и пружите шанса и да разгледате какви се психолошки проценки и увиди може да добиваат вашите деца во зависност од нивните уникатни одговори. Паралелно со ова, многу активности имаат висока образовна основа и лесно се создаваат услови за секојдневно учење нови и интересни работи кои би ви користеле во иднина.
Се надеваме апликациите кои ги изделивме ќе ви користат на вас и вашите деца! Велат дека единственото нешто што може да го уништи железото е ‘рѓата која произлегува од истото. Така е и со мислите; не им дозволувајте да ја разорат убавината во вас и кај вашите најблиски!