Написи тагирани со Сајбер криминал

33 написи
Редакција
1
Avatar photo AI Редакција Вести Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција ги менува правилата на играта во сајбер-криминалот

Додека компаниите и владите инвестираат огромни суми во дигитална трансформација, новите извештаи покажуваат дека глобалниот јаз во сајбер-безбедноста се шири со загрижувачка брзина. Напаѓачите кои користат вештачка интелигенција создаваат високо софистицирани напади кои ги надминуваат традиционалните системи за заштита. Во 2025 година, ВИ стана главно оружје за сајбер-криминалците. Според CrowdStrike Global Threat Report 2026, нападите […]

0 коментари Прочитај 5 мај, 2026
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Во голема акција на Интерпол против сајбер-криминал во Африка се уапсени 1006 лица

Интерпол спроведе досега најголема акција против сајбер-криминал во Африка. Акцијата заврши со апсење на 1006 осомничени  од 19 земји. Операцијата „Серенгети“, која траеше од 2 септември до 31 октомври, го покажува порастот на овој тип криминал, со десетици илјади жртви и финансиски загуби од речиси 193 милиони американски долари. Интерпол соработуваше на акцијата заедно со […]

0 коментари Прочитај 27 ноември, 2024
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Хак-атак/Приватност

Повеќе американски државни агенции цел на сајбер напади

Компјутерски системи на неколку американски државни агенции се мета на сајбер напади на руска сајбер криминална група. Напаѓачите успеале да дојдат до податоци преку злоупотреба на пропуст во софтверот за трансфер на фајлови – „MOVEit Transfer“. Агенциите кои се жртви на нападот засега не се објавени. Единствена потврда за нападот дојде од Одделот за енергија, […]

0 коментари Прочитај 16 јуни, 2023
Редакција
1
Avatar photo Љубомир Давитков Веб Криптовалути

Еволуцијата на Ransomware нападите

Во февруари, ФЗОМ (Фонд за здравствено осигурување на Македонија) стана жртва на напад на ransomware софтвер што резултираше со енкрпиција на сите податоци и широко распространета јавна загриженост неколку недели. Неодамнешните статистички податоци објавени од Statista.com на оваа тема покажуваат дека имало приближно 236 милиони напади со ransomware ширум светот во првата половина од 2022 година, […]

0 коментари Прочитај 28 април, 2023
Редакција
1
Avatar photo Стефан Савевски Веб Криптовалути

Типови на крипто измами на кои треба да внимавате

Дигиталниот свет, а особено крипто сегментот каде што директно се инволвирани парите, е познат по тоа дека е полн со измами, закани и хакерски напади. Еден корисник може да наседне на крипто измама без да знае, и да му ги украдат сите пари… за вакви сценарија има еден куп хорор приказни онлајн. Затоа, сега ќе […]

1 коментар Прочитај 4 ноември, 2022
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Полициска акција во Италија и Шпанија против е-мафија заврши со 106 обвинети

Како и остатокот на светот и мафијата се префрла онлајн. Во заедничка полициска акција во Европа, италијанската и шпанската полиција уапсија 106 осомничени на островот Тенерифе. Уапсените се обвинети за манипулации со SIM-картички (SIM swapping) и компромитирање на бизнис имејл адреси.  Во акцијата се запленети 224 кредитни картички, SIM картички, POS терминали, но и опрема […]

0 коментари Прочитај 21 септември, 2021
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Криптовалути

Бугарски криминалци украле 3 милиони долари во крипто валути, по 2 милиони сè уште се трага

Организирана криминална група од Бугарија на илегален начин „заработила“ 3 милиони долари во крипто валути. Полицијата трага по уште 2 милиони долари кои исчезнале. Властите во Бугарија ја следеле криминалната група од јуни 2018 година. Активностите на групата се главно во Бугарија, но и во Европа. Групата е уапсена на 22 ноември. Тројца жители на […]

0 коментари Прочитај 27 ноември, 2018
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

ФБИ на три континенти уапси 74 лица обвинети за имејл измами

Федералното истражно биро објави дека уапсиле 74 луѓе кои се обвинети за кражба на банковни сметки, преку имејл измами. Најголем дел од уапсените се во САД, 42-ца. Потоа следат Нигерија со 29, а останатите доаѓаат од Канада, Маурициус и Полска. Најпрво преку социјален инженеринг криминалците собираат доволно податоци за да можат да ги убедат вработените […]

0 коментари Прочитај 13 јуни, 2018
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Уапсен Пјотр Левашов, креатор на ботнет мрежата Kelihos

Стотици илјади компутери пред седум години беа дел од Kelihos, бот-мрежа која тогаш беше најголема. Мрежата е дело на Пјотр Левашов, руски државјанин. Тој сега е уапсен во Шпанија и ја чека својата екстрадиција во САД. Апсењето е соработка помеѓу локалните агенции и Федералното истражно биро. Г. Левашов е откриен откако ја искористил истата IP-адреса […]

0 коментари Прочитај 11 април, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Калеб Барлоу на TED: „Сајбер криминалот заработува 445 милијарди долари годишно“

Од каде доаѓа сајбер криминалот? Ова е тема на TED говорот на Калеб Барлоу. Дури 2 милиjaрди податoци се загубени или укрaдени во 2016 година. Податоците на над 100 милиони здравствени осигуреници се украдени во истиот период. Најчесто компаниите на кои граѓаните им ги довериле личните податоци излегуваат со соопштенија дека се цел на напад […]

0 коментари Прочитај 21 февруари, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Свет

САД ја обвинува Русија за сајбер напади и протерува над 35 руски дипломати

САД протера 35 руски дипломати за кои тврдат дека се обиделе да влијаат на изборите во САД. Станува збор за членови на руската агецнија G.R.U. кои во САД влегоа со дипломатски документи. Истрагите на Федералното истражно биро и Одделот за национална безбедност, покажаа дека G.R.U. се зад нападите на серверите на Демократите. Агенциите затворија и два имоти […]

1 коментар Прочитај 30 декември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Веб

Запознајте го експертот за сајбер безбедност, Watson

IBM пронајде нови можности и нови професии за својата вештачка интелигенција. Ако сметаме дека еден експерт за компјутерска безбедност е модерен Шерлок Холмс, тогаш IBM му го пронајде партнерот. Watson, вештачката интелигенција на IBM, сега ќе се обиде и да спречи сајбер напади во финансискиот и здравствениот сектор, јави Wired. Watson веќе има 40 компании во […]

1 коментар Прочитај 7 декември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Веб

Два безбедносни пропусти се сериозна опасност за VISA кредитните картички

Безбедносни експерти од Универзитетот Њукасл презентираа метод кој овозможува хакирање на кредитни картички за само 6 секунди. Хакот е едноставен и за него се потребни единствено лаптоп и интернет конекција. Заштитата на картичките се пробива за неколку секунди, а експертите велат дека нападот веќе е искористен во британскиот ланец на супермаркети Tesco. Во овој напад […]

1 коментар Прочитај 6 декември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер Хак-атак/Приватност

Зошто и како да ја исклучите вашата веб камера

Во трката за безбедност на повисоко ниво, неодамна ве советувавме да внимавате кога се поврзувате на јавните/отворените WiFi мрежи, а овој пат би сакале да ви го насочиме вниманието на вашата камера. Користејќи бројни алатки и фишинг техники, многу сајбер криминалци можат да ја активираат камерата и да фотографираат и снимаат компромитирачки материјали кои потоа […]

3 коментари Прочитај 18 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Петмина осомничени за скимирање на платежни картички

Пет државјани на Македонија од Битола и Прилеп се осoмничени за изработка и употреба на лажна платежна картичка и злосторничко здружување. Обвиненијата против петмината се: перење пари и други приноси од казниво дело; изработка и употреба на лажна платежна картичка; злосторничко здружување. „Осомничените скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Кина уапси 15.000 луѓе за сајбер криминал

Властите во Кина затворија речиси 15.000 граѓани за сајбер криминал со кој би можеле да ја загрозат интернет безбедноста. Станува збор за прекршоци како објавување огласи за порнографија, експлозив, оружје, коцкарници, и куп други криминали поврзани со податоци прибрани од над 66,000 страни, јави Reuters. Бројката која изгледа огромна сепак се однесува на период од […]

0 коментари Прочитај 24 август, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Мора да прочиташ

Двајца Македонци се осомничени за сајбер криминал во меѓународна акција на FBI и Interpol

Двајца македноски државјани се осомничени за учество во сајбер криминална група за чие сузбивање беше потребна организирана акција во која учествуваа FBI, NCA, Europol, но и повеќе безбедносни служби помеѓу кои и македонската. Како последица на акцијата, конечно е затворен сајбер криминалниот форум Darkode. „Апсењата доаѓаат по двегодишна тајна операција на FBI агентите кои се […]

0 коментари Прочитај 16 јули, 2015
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Сајбер шпионажата е присутна во Македонија и на Балканот

Во последните десет години забележуваме се поголемо сајбер-шпионирање во светот, но за жал и на Балканот, вели безбедносниот експерт Предраг Тасевски. Предраг е ко-организатор и говорник на неодамнешната работилница на NATO за „Поттикнување на свеста во областа на кибернетичка одбрана на Балканот“, на која гостуваа странски и домашни експерти за да разговараат за сајбер криминалот […]

0 коментари Прочитај 23 март, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хак-атак/Приватност

Украдени се стотици милиони долари од сто банки во 30-тина држави

Најголемиот грабеж на банки е глобален, а во него се украдени помеѓу 300 милиони и една милијарда долари од повеќе од 100 банки во над 30 држави, јави New York Times. Станува збор за организирана сајбер банда која користи софистициран малициозен софтвер уште од 2013 година, што овозможува празнење на банкомати без притоа да внесат […]

0 коментари Прочитај 16 февруари, 2015
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хак-атак/Приватност

Europol ги знае 100-те криминалци кои ги водат сајбер-бандите

Има само стотина шефови на чело на сајбер-криминални банди во светот, кои стојат зад глобалниот сајбер криминал, вели шефот на Europol Cybercrime Centre, Троелс Оертинг во интервју за BBC Radio. Шефот на одделот за сајбер криминал открива дека идентитетот на „поглаварите“ им е генерално познат и дека доколку успеат да ги затворат нив ќе колабира […]

0 коментари Прочитај 13 октомври, 2014
Мени
Заедница
Изглед
To top