Спонзорирано

Запознајте ги Петар, Стефан и Павел, победниците на Red Bull Doodle Art што ќе се приклучат на Бреинстер заедницата

Спонзорирано од Brainster

во ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Чкртањето е навистина уметност! Ова во изминатиот викенд ни го докажаа Петар, Стефан и Павел, чии цртежи победија на овогодинешниот чкртачки натпревар Red Bull Doodle Art, во чија реализација се вклучија Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ со организирање на чкртачки настан во живо и доделување на ваучери за учење.

Покрај главната награда која вклучува патување на големото финале во Амстердам, победниците имаат шанса да одберат ваучери од Бреинстер или попуст за школарината на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College).

Глобалниот натпревар Red Bull Doodle Art кој после пауза од 6 години се врати на домашно тло, ширум целиот свет обедини илјадници млади кои преку чкртање ја изразуваат својата уметност и креативност.

После 40 дена колку што македонските уметници имаа можност да ги нацртаат своите шкрабаници, во Сули Ан, стручно жири ги избра трите победнички дела и македонскиот претставник кој ќе патува на Светското финале во Амстердам!

Ова се тројцата победници на годинешниот Red Bull Doodle Art кои раскажуваат што ги мотивирало да се пријават на натпреварот и какви се нивните планови во иднина.

Петар Шулевски – национален претставник 

Петар Шулевски е добитник на првата награда, воедно тој ќе нè претставува и на националното финале во Амстердам. Како што вели за себе, тој е самоук концептуален уметник и илустратор, со пасија кон дизајнирање на ликови и суштества, а во слободното време ужива да крева тегови и да пие пиво.

„На Red Bull Doodle настанот се пријавив од љубопитност, желбата да пробам да нацртам нешто поразлично од мојот вообичаен стил и да запознам нови луѓе истомисленици кои исто како и мене сакаат да цртаат. За Бреинстер сум слушнал многу позитивни работи од моите пријатели, сè уште размислувам за која академија да се одлучам, но без разлика што и да изберам, очекувам таа да ги надгради моите досегашни знаења и да ме одведе на уште повисоко ниво”, вели Петар.

Тој, како првонаграден е и нашиот национален уметник што ќе работи со артист-ментор на подобрување на делото и трансформација во НФТ уметничко дело, а неговиот  победнички дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен на патики.

Што ги инспирираше наградените?

Втората награда отиде во рацете на Стефан Јакимовски, кој во моментов е на последипломски студии на Факултетот за ликовни уметности, но исто така работи графички дизајн, фотографија и видео едитинг. Тој вели дека се пријавил на натпреварот откако негови пријатели се пријавувале во претходнитете години и му споделиле убави искуства. Така посакал да проба нешто ново и да запознае нови креативци. Како што вели тој, најголема пасија и движечко мото во животот му се уметноста и креативноста, а долгогодишно хоби му се рубиковите коцки.

„Во овој период убаво ќе размислам дали ќе го искористам ваучерот за Академијата на Бреинстер за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн, или пак за Бреинстер Некст колеџ. Секако ова е голем чекор за мене, вели тој”.
Третонаградениот Павел Николов е 20 годишен студент од втора година на Факултетот за ликовни уметности, насока графика. Доаѓа од Кочани, каде што има завршено општа гимназија.  Уметноста, како што вели тој е центарот на неговиот универзум од секој аспект. Кога зборува за пасија и хоби, тоа е уметност, уметност и само уметност.

„На настанот се пријавив по препорака од Стефан, и како оптимист во животот, освен можноста за креативно дружење, имав и мошне големи очекувања”

Бреинстер и Бреинстер некст како поддржувачи на таленти

Јана Тодоровска од Partnership тимот на Бреинстер вели дека одлучиле да бидат партнери на овој настан бидејќи виделе одлична можност да поддржат млади креативци во налетот на дигиталното креативно изразување, со надеж дека ќе инспирираат други генерации да продолжат со истата страст да го надградуваат својот талент и на глобалната сцена. 

„Поддршката низ едукација на младите таленти е секогаш била дел од нашата мисија, токму затоа и одлучивме да ги наградиме најдобрите со инвестирање во нивното образование. Искрено се надеваме и веруваме дека на Петар, Павел и Стефан ќе им помогнеме во остварување барем на дел од нивните соништа”, вели Јана.

Инаку, тројцата победници можат да изберат:

  • Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата].
  • Или попуст на школарината на Бреинстер Некст колеџ, ако победникот е заинтересиран за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];

Од Ред Бул изјавуваат дека изборот на најдобрите 20 кандидати од 1200 пријавени, не бил воопшто лесен, посебно што сите веќе имале сопствен препознатлив стил, особено ова било воочливо кај композицијата на првонаградениот. Тие се задоволни од тоа како севкупно помилал настанот, со супер дружба, добра музика и позитивни вибрации и како што велат, исцртаното Red Bull фрижидерче е одличен доказ за тоа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Brainster . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk