Unrecord е ултра реалистична игра, но до кој степен?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Од година до година, игрите заземаат се поголема реалистична димензија и многумина сметаат дека за деценија од сега графички енџин и реалност ќе станат синоними. Но, што ако иднината е сега?

Крајно реалистично нели? Тоа е затоа што навистина е така! Unrecord ја користи сета моќ на Unreal Engine 5 за да издигне имерзивно и наративно искуство на сосема ново ниво. Графиката изгледа крајно реално, до тој степен да многу гејмери почнаа скептички да го анализираат гејмплеј приказот и зборовите во описот на Steam, за да ги потврдат нивните сомнежи.

Рака на срце, и нам не ни беше лесно да поверуваме во она што го гледаме, но набргу по приказот, студиото зад играта излезе со друго видео и еднаш засекогаш ги разреши сите сомнежи извинувајќи се на сите скрептици кои мислеле дека играта не е вистинска.

Графичкиот енџин изледа супер, но што е со останатите елементи кои прават една игра да е добра? Се очекува Unrecord да понуди комплексни дијалози, иновативни гејмплеј механики и тешки морални дилеми. Сево ова е уредно спакувано во приказна која влече испирација од детективски книги или трилери.

Како ви делува? Дали Unrecord е игра која ќе ја вовлече новата ера на компјутерски игри или пак е исклучително добра „измама“ за очите, нешто слично на целата ситуација со Ride 4? Изјаснете се во коментарите или на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk