Британската Агенција за конкуренција и пазар (Competition and Markets Authority) го блокираше купувањето на Activision-Blizzard. Microsoft ја достави својата понуда на почетокот на 2022, но за официјализирање мораше да чека на одобрување од повеќе регулатори. Со оглед на тоа дека навикнавме овие одобрувања да бидат формалност, одлуката на агенцијата е изненадување.
На купувањето „му пресуди“ облак гејмингот и процената на регулаторите дека ако го дозволи, ќе има значително помалку простор за иновација, и помалку избор за гејмерите. Видеоигрите кои се дел од купувањето (најмногу Call of Duty) не биле никаков проблем. Microsoft со Агенцијата споделил планови кои требале да одговорат на стравувањата за клауд гејмингот, но ова не било доволно.
„CMA го спречи предлог купувањето на Activision кое сакаше да го направи Microsoft поради стравување дека договорот ќе ја промени иднината на брзорастечкиот пазар за онлајн гејминг, што може да донесе помалку иновација и избор, за гејмерите во Обединетото Кралство во иднина.
Проценката на агенцијата е дека Microsoft има контрола на помеѓу 60 и 70 отсто од светскиот облак-гејминг пазар. Ако се здобие со контрола врз некои од најголемите наслови, оваа доминација би можела дополнително да се продлабочи. Call of Duty, Overwatch, Diablo и World of Warcraft, со години се некои од најпопуларните видео игри.
На гејмингот во облак му е потребен слободен, конкурентен пазар за да се поттикне иновацијата и изборот. Ова, најдобро ќе се постигне ако дозволиме постоечката динамика во клауд гејмингот да продолжи да функционира“, вели CMA во соопштението.
За да ги одоброволи Британците, Microsoft потпиша договори со Boosteroid, Unitus, Nvidia, кои ќе ги донесат Xbox PC игрите на нивните платформи. Microsoft нема решените за сервиси кои нудат претплата на повеќе игри, и на понуда на видеоигри кои ќе може да бидат достапни на PC, но на различен оперативен систем од Windows.
Microsoft веќе објави дека ќе поднесе жалба на одлуката. Ако жалбата не биде успешна, тогаш зделката вредна 68,7 милијарди долари ќе биде откажана, проценува Verge. Овoј став не го дели Ars Techica која потсетува дека Бразил, Јапонија и Јужна Африка го поддржале договорот, а во следните недели поддршка се очекува и од Европската Унија. Одлуката која ја донесе CMA ќе го ограничи начинот на кој двете компании ќе може да оперираат во Обединетото Кралство по спојувањето.
За август е закажано првото рочиште на тужбата на Федералната комисија за трговија која треба да го спречи купувањето.
Microsoft и Activision се договорија во јануари 2021 година за сума од 68,7 милијарди долари. Договорот требаше да помине низ регулаторите кои требаше да оценат дали постои опасност од создавање на монопол. Oвој чекор е вообичаено е формалност и лесно поминува, но овој пат не е така. Како ќе заврши целата зделка ќе видиме во месеците кои доаѓаат.