0 коментари 2 мин. читање 18 април, 2023

Заменете ги лицата со Face Swapper

Дали отсекогаш сте сакале да видите како ќе изгледате на поразлично тело од моментното, носејќи различна облека, фризура и тетоважи? Или пак едноставно сакате да се пошегувате со вашите пријатели, да земете некоја нивна фотографија и да го замените нејзиното лице со ваше?

Face Swapper е апликација за iOS. Со помош на вештачката интелигенција можете да го поставите вашето лице на какво било тело. Резултатите знаат да бидат запрепастувачки добри, независно од тоа дали екпериментирате на телата на вашите омилени ѕвезди или спортисти. Згора на тоа, можете да ги позајмите лицата на вашите миленичиња, ликови од цртани филмови или пак на значајни ликови од историјата и да ги поставите истите на некое друго тело.

Face Swapper е само еден мал пример за тоа каков замав зазема вештачката интелигенција и за какви се работи може да ви помогне. Проверете ја апликацијата тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top