Голем број луѓе страдаат од таканаречениот синдром на инерција на спиење. Се работи за ситуација кога секое утро се будите поуморни отколку кога сте легнале, имате потешкотии со станување, не се чувствувате освежени и едноставно сметате дека ви фали уште сон. Според одредени истражувања, ова се случува кај 9 од 10 луѓе кои се будат со аларм.
За подобро справување односно елиминирање на инерцијата на спиење, одредени сајтови ви кажуваат кога да си легнете, односно кога да се разбудите за да се поклопи полесната фаза на спиење. На тој начин, се будите посвежи и полесно можете да си го започнете денот и секојдневните обврски.
I’m Sleepy, bedtime calculator е најновиот веб сајт кој ви помага да го пресметате вашето време на легнување и станување. Со посетување на веб сајтот, имате три понудени опции. I want to sleep now значи дека сега сакате да си легнете и сакате да знаете кога е најдобро да го наместите алармот да ве разбуди. Втората опција, I want to sleep at…. ви дозволува да наместите во колку часот сакате да спиете, за да ви каже кога е најдобро да се разбудите, а третата опција, I want to wake up at… ви дозволува да внесете во колку часот треба да се разбудите за да ви го каже најдоброто време за спиење.
Сево ова се прави за да се правилно поклопат циклусите на спиење и да се разбудите во некој од полесните циклуси, познати по ознаките N1 и N2, а не да се разбудите во подлабиките стадиуми како N3, или REM. Се работи за веб сајт кои иако е едноставен, сепак одлично служи за она за што е наменет. Нема никакви реклами и одлично се пристапува до него од телефон. Но, она што навистина би сакале е да го видиме во форма на апликација заедно со вграден аларм.