По нешто повеќе од година дена излезе првото проширување за Horizon: Forbidden West! Во случај да ја игравте оригиналната игра и да се мислите дали да ги продолжите авантурите на Елој во експанзијата Burning Shores, но немате време за читање долги рецензии, ова се најважните работи што треба да ги знаете за проширувањето.
- Horizon Forbidden West: Burning Shores e додаток само за PS5, така да PS4 сопствениците нема да можат да уживаат во оваа проширување кое чини 20 долари.
- Основната игра е бесплатна за играње доколку сте претплатник на PS Extra, така да можете само да ја купите експанзијата за да уживате во целиот пакет. Имајте во предвид дека се додека не ја завршите кампањата од Forbidden West нема да можете да ја започнете кампањата во Burning Shores.
- Burning Shores се одвива на мапа која е голема како една третина од мапата во Forbidden West. Тоа е огромна територија за истражување. Кога сме кај тоа, овојпат истражувате постапокалиптична верзија на Лос Анџелес
- На располагање имате „нови“ непријатели кои всушност се модифицирани верзии на веќе видени непријатели. Од она што видовме, имате само еден нов, оригинален непријател. Имате и неколку нови оружја, но и способности. Некои од способностите се запрепастувачко јаки и вреди да ги имате во вашиот арсенал.
- При истражување на територијата, предност се дава на користење механичко суштество кое ви дозволува подеднакво импресивно да ги истражувате и небесните и водените пространства. Вистинско задоволство е да се лета или нурка со суштеството и се дава целосно нова димензија во истражувањето.
- Споредните квестови се осмислени со ист квалитет како и главниот квест. Се во Burning Shores вреска од висока продукциска вредност. Внимателно осмислена приказна со посветеност до најситните детали и одлична глума од ветераните. Дополнително, новите технологии во графичкиот енџин допринесуваат Horizon и понатаму да остане една од визуелно најимпресивните игри за PS5.
- Иако експанзијата игра безбедно, со неа добивате повеќе од истото што го имавте во Forbitten West што, верувајте воопшто не е лоша работа. Доколку уживавте во Forbidden West, тогаш Burning Shores е задолжителна лектира која интересно го поплочува патот за третата игра.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари