Популарноста на ChatGPT е непобитна, главно поради неговиот директен интерфејс и способноста да генерира текст, сличен на човечки говор како одговор на барањата на корисниците. Сепак, ефективноста на AI чет-ботови во голема мера зависи од квалитетот на барањата што ги задаваат корисниците. AutoGPT е иновативна нова апликација која го елиминира овој предизвик дозволувајќи и на вештачката интелигенција да генерира свои барања, револуционизирајќи го начинот на кој ја гледаме оваа технологија. Со AutoGPT, вештачката интелигенција може да дејствува автономно, што отвора нови можности за негова употреба на различни полиња. 

Significant Gravitas, девелопер, на 30-ти март оваа година објави Python апликација со отворен код, наречена AutoGPT, која се базира на GPT-4. Оваа апликација ѝ овозможува на вештачката интелигенција да дејствува автономно, елиминирајќи ја потребата корисникот да го поттикнува секое дејство. На вештачката интелигенција може да и се даде севкупна цел и потоа да преземе чекор-по-чекор активности за да ја постигне таа цел. Концептот на „AI Agents“ произлегува од ова, каде што вештачката интелигенција врши дејства на компјутер користејќи Интернет независно, без да биде побарано во секоја фаза. 

Почетната објава на GitHub покажува едноставен пример на AutoGPT, кој има задача да пребарува на интернет за оригинални и уникатни рецепти за претстојниот настан како Велигден. Апликацијата, наречена Chef-GPT, потоа започнува со пребарување на интернет за решение. Втората цел беше да се зачува рецептот како датотека на компјутерот на корисникот. 

Иако може да изгледа незабележително, фактот што AutoGPT може да пребарува на интернет и да врши дејства како зачувување датотеки во име на корисникот го издвојува од тоа да биде само чет-бот. 

Како можете да пристапите до AutoGPT? 

Ви делува интересно AutoGPT? Сакате да го испробате? Покрај извонредните работи што може да ги постигне, одговорот не е толку едноставен како што може да очекувате. 

За разлика од ChatGPT, до кој може да се пристапи преку веб-пребарувач, пристапот до AutoGPT бара преземање специфичен софтвер, односно клонирање на апликацијата од Github. Погледнете го видеото, во кое е објаснет пристапот до апликацијата чекор-по-чекор. Дополнително, доколку сакате да дискутирате околу чет-ботот, приклучете се на официјалниот Discord сервер на AutoGPT.  

Како работи AutoGPT? 

AutoGPT работи со разложување на целите дадени на природен јазик на помали подзадачи, кои ги постигнува автономно користејќи интернет и други ресурси. Корисниците можат да постават правила и цели за следење на Auto-GPT, а тој ќе генерира „мисли“, „расудување“ и „критика“ со нагласување на неговиот процес и ограничувања. 

Која е разликата помеѓу AutoGPT и ChatGPT? 

Можностите на AutoGPT го надминуваат едноставното генерирање на текст, бидејќи може да се насочи кон завршување на задачите со кои корисникот не е запознаен, овозможувајќи му да седат пред екранот и да гледаат како вештачката интелигенција ја врши целата работа.  

AutoGPT е способен да извршува задачи надвор од функциите на четботот, дозволувајќи им на корисниците да му делегираат непознати задачи и да гледаат како ги завршува со леснотија.  

Додека пак ChatGPT е високо способен чет-бот, неговите способности се ограничени на обезбедување одговори врз основа на неговите барања, што го прави да се потпира на човечки придонес за насока. Сепак, тој е способен за импресивни одговри со правилно водство и внесување на соодветни барања. 

Дали AutoGPT или некоја слична технологија може да ги замени луѓето за одредени задачи?

Има многу дискусии и дебати околу тоа дали AutoGPT и слични технологии за вештачка интелигенција ќе ги заменат човечките работници во одредени улоги. Иако AutoGPT е многу напреден и може автономно да ги извршува задачите со минимална човечка интервенција, важно е да се забележи дека не е совршена замена за човечкиот придонес и креативност, а сè уште има одредени функции кои бараат човечка интуиција и расудување. Дополнително, како и со секоја нова технологија, останува да се види целосниот обем на нејзините способности и влијание врз работната сила. На крајот на краиштата, врската помеѓу технологиите за вештачка интелигенција како AutoGPT и човечките работници е сложена и повеќеслојна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments