Macedonia Live Messenger – бесплатен македонски инстант комуникатор
Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.
Еден од попопуларните .мк веб огласувачи Pazar3.mk викендов ја пушти верзијата каде наплаќа за огласите, но по 2 дена се врати на бесплатната верзија. Дел од корисниците помислија дека огласувачот се предомисли поради критиките но...
<Надополнето 25.10.10> Запршката со кромид ми загоре, сериозно ми ги испече и насолзи очите, вели Христо Ивановски извинувајќи се за грешката што сатиричните вести од the Onion (анг. кромид) ги сфати како релевантни и вистинити што е „класичен пример како еден искусен новинар може да се лизне (и на лушпа од кромид) ако не ги следи стриктно новинарските правила.“
#twitogovorkite на Сеад Џигал, комуниколог, блогер и твитерџија чии „добри твитови надалеку се слушаат“ станаа популарнo меме на сервисот за микро-блогирање. Како и секогаш, креативната идеја ги инспирираше македонските корисници да споделат најразлични интересни поговорки кои целосно ја опишуваат друштвената мрежа во само 140 карактери.
Конечно ги знаеме 12-те говорници кои ќе ги споделат своите идеи и искуство на конференцијата TEDxSkopje која ќе се оддржи на 30-ти октомври. Официјално се претставија 10 од 12-те говорници. TEDxSkopje постепено ги претставува говорниците, но ги знаеме последните двајца.
<Надополнето> Слободен Софтвер Македонија ја објави најновата ревизија на Националната политика за слободен софтвер. Ревизијата може да се најде на соодветниот блог каде секој заинтересиран корисник може да сподели идеја и да ја искоментира написот. Дополнителна дискусија може да се води на форумот на It.com.mk.</надополнување>
Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.
(ова е текст на Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис, која е креатор на Ping.mk. Текстов првично беше објавен на razvigor.blogspot.com)
Многу сервиси, IM месинџери, четови, друштвени мрежи, нивни мобилни верзии... немаат македонска подршка па често комуницираме користејќи латиница. Често комуницираме и со странци кои не го зборуваат македонскиот јазик па е потребно да го напишеме нашето име, име на улицата итн. на латиница. Но... често се забележува дека различни луѓе различно ја користат латиницата, некој пишува zosto, друг zashto, трет baknez4e...
И македонскиот скратувач на линкови 0.мк си доби своја опција за QR код, односно по секој скратен линк со додадавање на наставката ?qr ви се генерира QR код. Пример, http://0.mk/cc25?qr .
По осми пат Microsoft Македонија ја организира конференцијата „Визија" која се смета за една од поголемите и позначајните ИТ конференции во државата каде што "се обединуваат ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место."
Log.mk е нов .мк бета сервис кој ги одбележува хронолошки новостите на неколку забавни .мк портали. Сервисот работи така да прикажува слика од порталот со најновите вести и притоа ги одбележува со боја според времето кога се објавени, пример зелена ако текстот е објавен до 10 часот на пладне, со портокалово од 10 до 13 часот, со црвена ако е од 13 до 17 часот и виолетово за вестите објавени до 00:00.
Наводно фамозен вирус „три десетки“ ќе зарази милиони компјутери на 10.10.'10. Нумерологијата е клучот за предвидување на иднината, нели? Сигурно до сега се уплашивте! Не?... БУАА! Како и да е... седум македонски медиуми и портали ја објавија оваа „вест“. Седум!, барем до сега.
Не е доволно само да се стави компјутер пред ученикот, потребно е добар професор и соодветна настава и методика.
Релативно силен земјотрес се почувствува во Скопје и Куманово околу 22:24-5 минути, први потврдија друштвените мрежи, Facebook и Twitter уште еднаш покажувајќи ја својата способност брзо да пренесат и потврдат информации.
One ја објави листата на 279-те Android апликации кои се пријавија на предизвикот. Но, ова не значи дека имаме толку апликации, туку дека тој е бројот на пријавени идеи, предлози за апликации кои имаат време до 19 ноември да се реализираат со цел да преминат во вториот дел од натпреварувањето. Се сеќавате на Vip предизвикот се пријавија 212 апликации, на крај се реализираа „само“ 89.
Пола Македонија или 1.057.400 македонски корисници се на Интернет, покажува најновата, од јули 2010 год., статистика на Internet World Stats. Тоа е 51% интернет пенетрација, што е солидна споредено со другите балкански земји.
Зарем ве изненадува што два македонски пребарувачи се изгасија бидејќи 58 отсто од нас, македонските интернет корисници, воопшто не користат локални пребарувачи, туку 97 отсто од пребарувањето го правиме преку Google.com?
По завршувањето на квалификации за World Cyber Games во Македонија, дојде време и за самото финале кое оваа година се одржува во Лос Анџелес, САД. Официјален почеток на турнирот е во четврток а ќе заврши во недела. WCG има натпреварувања во компјутерски игри (шест официјални и три промотивни), игри за Xbox (три) и мобилни игри (една).
Во април направивме експеримент, проверка на безбедноста на неколку .gov и .edu.mk сајтови. Целта беше да информираме за безбедноста, да посочиме на ранливостите. Но, се чини ништо не е сменето.