7 коментари 1 мин. читање

Кога треба да се стравува… има кој да паничи

Да, навистина сите си ископирале еден текст едните од другите, (која е поента да читаш повеќе од еден btw?) но знаејќи дека .мк порталите превземаат вести од други странски медиуми го пребарав Google.

Еве што Google News прикажува само три извори (во моментот). Но ако се помачите ќе најдете и текст од Telegraph кој открива дека целата ситуација започнува од Facebook група која .мк медиумите дури ја спомнуваат како референца, а која има само 500 луѓе како фанови.

За разлика од нашиве „медиуми“ тие прашале безбедносен експерт од Sophos кој вели дека често се заплашува со вируси поврзани со одреден датум.

„Но, секој ден се откриваат преку 60.000 парчиња на малициозен софтвер, затоа треба да сфатите дека треба да бидете претпазливи секој ден секоја година.“ вели безбедносниот експерт Грахам Клули.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top