New Media MK објави истражување кое ги рефлектира навиките на македонските корисници во секојдневното користење на интернетот преку интернет пребарувачите.
„Навики и употреба на интернет пребарувачи“ истражувањето е спроведено во февруари 2010 во период од една недела со над 840 испитаници од кои 78 отсто велат дека користат пребарувач четири пати дневно, а од нив 26% се напредни корисници кои поминуваат над 6 часа на интернет.
Иако има поминато некое време сепак Дарко Булдиоски од New Media MK вели дека навиките на македонските корисници се немаат многу променето. Промената, од тогаш до сега, е гасењето на два македонски пребарувачи, Nabu и Pogodok, и појавување на нов Borg.mk. Но сите три се со многу мал удел од пребарувањето. Според истражувањето 73% од корисниците ретко или воопшто не користат македонски пребарувач. Дури и мал процент го користат локализираниот Google.mk пребарувач.
Интересна е и статистиката за големата лојалност. Дури 57 отсто од корисниците користат само еден пребарувач. Лојалноста е поголема и кај напредните корисници кои поминуваат над 8 часа дневно на интернет, од нив 67 отсто користат само еден пребарувач.
„Навики и употреба на интернет пребарувачи“ истражувањето можете да го симнете од сајтот на Центарот за нови медиуми.


Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.