Како да кратите линкови со Пинг.мк (и зошто)

во ИТ.МК, Совети

Ако сте твитерџија или твитерџика, или и без тоа често имате желба или потреба да препраќате скратени линкови, може за тоа да го користите Пинг.мк и да обезбедите дополнителна промоција на линкот меѓу неговите корисници со кои не се познавате.

Најчесто за кратење кај нас се користи bit.ly или слични странски сервиси, како и домашниот 0.mk. Тие имаат свои предности, ама јас го препорачувам Пинг.мк бидејќи со кратењето линкови преку него ем овозможувате дополнителна промоција, ем на читателите на линкот што го препорачувате им се појавува лента со алатки преку која може директно да гласаат за него или да го коментираат. Ова е особено полезно во случаи кога линковите се од сајтови што не дозволуваат коментирање или имаат некакво филтрирање/априори цензура, на пр. сајтови од македонски традиционални медиуми.

Упатството е:

  • Гледаш кул линк. Го копираш.
  • Наместо на bit.ly, одиш на Поднеси на Пинг.мк (http://r.ping.mk/submit)
  • Го внесуваш линкот со наслов и опционо со кус опис во соодветна група (категорија) или во општо ако не ти текнува каде.
  • Пинг.мк креира и ти прикажува посебна веб-страница за линкот, на пр. ваква.
  • Во десната колона малку подоле имаш „бокс“ со сина позадина во кој првиот ред пишува нешто како „линк од алатникот http://r.ping.mk/tb/150u
  • Ете го краткиот линк, кој може уште повеќе да се скрати со бришење на тоа „tb/“ и да гласи http://r.ping.mk/150u ако сакаш да заштедиш +3 карактери за во твитот
  • Таквиот краток го користиш исто како од bit.ly, го копираш во твит и другде
  • Тие што ќе го кликаат го добиваат оригиналниот напис плус лента со алатник да може да гласаат и коментираат директно на Пинг.мк…

Сите штедат на време, добиваат на интерактивност и видливост, оти така внесениот линк се појавува и во избраната категорија на Пинг.мк, а и на насловната страница во делот „нови“ (поточно, „нови: гласани“ – оти со самото внесување од човек има добиено еден почетен глас).

Ако сакате да скратите линк до страница од Пинг.мк, тогаш е доволно од целата адреса која има форма r.ping.mk/r/име_на_група/comments/код/име_на_линкот да ги задржите само r.ping.mk/comments/код што во горниот пример би било http://r.ping.mk/comments/150u.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
darko
darko
14 years ago

Најпаметно ќе било да се проба да се оствари соработка меѓу ping.mk и 0.mk да има некоја opt-ин опција да се прикаже текстот и на ping.mk кога го кратиш со 0.mk затоа што тој сервис (како и другите од тој тип) нуди и статистика, што е многу важна компонента денес кај ваквите сервиси ;)

Goran Gorčo Atanasovski

а зашто едноставено не се користи веќе направениот македонски сервис за кратење на УРЛ-а http://www.0.mk

Filip Stojanovski
15 years ago

Како што реков: обезбедите дополнителна промоција на линкот надвор од вашиот круг на познаници.

Monroe
Monroe
15 years ago

Се‘ е тоа убаво, само што на ping.mk претходно треба да се регистрираш, за да можеш да се најавиш, па дури потоа да кратиш долги УРЛ-а — предуслов кој не го наметнуваат ниту tinyurl.com, ниту tiny.cc, ниту bit.ly…

Илија Стефанов
Reply to  Monroe

Ниту нашиот македонски 0.мк, а друго е што пинг.мк е поголем линк од 0.мк :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk