Со програмот можете да дискутирате во живо, да се праќаат документи, јавни и приватни канали за комуникација, пребарување на пријатели, а најавени се бесплатни телефонски и видео повици.
Macedonia Live месинџерот им се допадна на повеќето членови на форумот на It.com.mk па еве дел од корисничките мислење за овој програм.
- @ILE@: Доста привлечно ми седи апликацијата, посебно тоа што е сработена од наши луѓе, и доста добро е направена. Во моментов ја тестирам затоа се уште немам посебно лошо или пак добро за неа.
- B^nDIT: Убав кориснички интерфејс (UI), едноставност… А каналите како на IRC се екстра.
- Vordan: Ставете веднаш некој light систем (без преголеми регистрации) за поддршка и feedback од корисниците – вашиот продукт само ќе бенефицира од тоа. Каде сте на Twitter? А Facebook?
- Daci93: На прв поглед изгледа како програма стартувана на Win 95 или Win 98, функционалноста е добра, но не ми се допаѓа што нема поддршка за Facebook, Twitter, Windows Live и уште многу други такви мрежи. Ми се допаѓа имплементацијата на world chat (irc) опцијата, но сепак тоа не е нешто иновативно. Потребно е да се поработи на GUI-то на самата апликација…
- 01_Vlatce: Добра замисла, но дека е на нивото на MSN, Skype… Мислам, плиззз.
- ExtremeBt: Еден голем ЛАЈК за проектов! Вчера за прв пат го тестирав, има доста багови, но се надевам дека брзо ќе ги поправат.
- Aleks: Дали овој софтвер е слободен софтвер и ако не е, зошто не е ?
- Gdamjan: Ако програмов не користи отворени протоколи за комуникација, а таков е само еден за IM (jabber/xmpp) тогаш нема никаква поента.
- …
По објавување на текстот Жарко од Macedonia Live искоментира на форумот дека:
„Програмата е работена во C/C++, моментално неможе да се поврзе со други месенџери преку xmpp протокол но тоа би било возможно во иднина без да се наруши компатибилноста со претходните верзии. Не сме во можност (барем не засега) да обезбедиме најавување на Facebook и Twitter директно во Macedonia Live.“
Доколку сакате да прочитате или споделите мислење или искуство со Macedonia Live месинџерот дискусијата продолжува на форум.












Можеш емаил од кој било друг да искористиш за регистрација.
abe za ovoj messenger nas morame da napravi nova e-mail ili so e-mail na hotmail,gmail i sl mozeme da se pustime
Поздрав до сите, фала на коментарите. Не сме во конкуренција со глобалните месенџери, целта е да додадеме алатки кои се специфични за Македонија и на тој начин збогатувајќи ги опциите за поврзување на локално ниво.
Во споредба со кокуренцијата не би успеал, иначе сепак е нешто македонско што не е за потценување, посебно кога некој се потрудил да направи нешто.
Не се користат готови контроли за msn.
Респект, но ништо иновативно… Се користат готови контроли за msn
Респек за сработеното, браво. Продолжете вака и усовршувајте го messenger-ов.
Јас сум сигурна дека ке успее да се прошири и пробие насекаде во светот бидејќи нас Македонците насекаде не има. Сега за сега бројот на корисници секојдневно се зголемува и се очекува уште поголема бројност во наредните месеци. И секако зашто да не се користат македонски производи. Сепак сето тоа е за наше добро.
Се е супер, поготово што е Македонско но тешко дека ќе се пробие на просториве да го користи некој кога сите веќе користат MSN, Skype и.т.н. Треба многу реклами, кампањи и.т.н. Ги поддржувам 101%, само напред. :)
убаво што е “произведено во македонија“ , но не смее да застане на овој степен , џабе ако не се усоврши
главни недостатоци
наменет е исклучиво за мајкрософт os /98/xp/vista/7/
тешко дека некој македонски месинџер ќе дочека кооперативност со некој мултимесинџер