1
Како до правилен македонски на латиница во веб комуникација
Многу сервиси, IM месинџери, четови, друштвени мрежи, нивни мобилни верзии... немаат македонска подршка па често комуницираме користејќи латиница. Често комуницираме и со странци кои не го зборуваат македонскиот јазик па е потребно да го напишеме нашето име, име на улицата итн. на латиница. Но... често се забележува дека различни луѓе различно ја користат латиницата, некој пишува zosto, друг zashto, трет baknez4e...