Microsoft Визија 8

во ИТ.МК

Конференцијата е обележана со предавања од домашни и странски експерти во три главни сали + експо сала и фокусот на Визија оваа година е во бизнис комуникациите, нивната безбедност, виртуелизацијата и равојот на апликации.

Подолу се слики и Twitter кратки вести со #vizija10 дискусија.

Белешки од првиот ден:

Eдна од првите сесии беше таа на Димитар Грозданов од Microsoft кој зборуваше за облакот (cloud computing) и како работите се менуваат во таа смисла да сервисите сега се на интернет, а не на вашиот компјутер па затоа уредите се интегрираат меѓусебно преку интернет. Како на пример, нашиот телевизор, мобилен телефон и компјутер се преку некоја платформа веб сервис да се поврзат.

ДГ: Во “облакот” веќе не зависиме од географската локација на серверите. Системот на достапност е базиран на повеќе локации. #msvizija10less than a minute ago via TweetDeck


На кратко во бизнисот треба да се разгледа кои работи треба да се мигрираат, кои работи се потребни да се пренесат во облакот и да се разгледа финансиската ситуација и инфраструктурата. Секако важна работа во облакот е и сопственоста…

Доста важни сервиси во кои Microsoft значајно инвестира се Bing, Windows Live сервисите, Office и MS Online Service.

Мирослав Јовановиќ, главен директор за техника во Македонски Телеком ја оцени состојбата во Македонија во ИТ сферата и мобилниот свет како „добра”. Секако ја пофали мрежата на T-Mobile и објасни дека 30% од уредите се 3G компитабилни. Г. Јовановиќ ја објасни и стратегијата на Deutsche Telecom и објасни дека од посебен интерес за DT до 2015 е гигабитното општество (оптичкиот интернет, мобилниот интернет…)

Илијанчо Гаговски објасни зошто технологијата денес се развива многу побргу од минатото и како изгледа Муровата експоненцијалната крива на развојот и каде ке бидеме во следните 20 години. Колку е големо влијанието на интернетот како и идејата и знаењето…

Фокусот на конференцијата е во областа на бизнис комуникациите, нивната безбедност, виртуелизацијата и развојот на апликации. #vizija10less than a minute ago via TweetDeck

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ванчо Орданоски

Зошто имам впечаток дека на конференцијава дел од предавачите „откриваат топла вода во бојлер“?
Нели е cloud computing одамна познат концепт?
Или, земајќи ја предвид „алтернативната временска линија на Мајкрософт“, сѐ се случува три години подоцна: Bing, Windows Mobile, MS Online Office …

А и она: „Никогаш не потпишувајте договор во кој ќе ви биде платено кога корисникот ќе биде *задоволен*“ — се однесува на „Windows Vista“?
Што знам, мене ми изгледа како добра пракса корисникот да биде задоволен, наместо „take the money and run“ стратегијата.