ИТ.ЕУ

695 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.ЕУ. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Apple ќе врати 13 милијарди евра данок во Ирска

Apple сепак ќе го испочитува барањето на Европската Унија и ќе врати 13 милијарди евра данок во Ирска. Одлуката на компанијата доаѓа иако Тим Кук најави жалба и го нарече барањето „тотална политичка глупост“. Одлуката на Европскиот суд на правдата ја обжалија и Apple и Ирска. „Постигнавме договор со Apple во врска со принципите и […]

0 коментари Прочитај 5 декември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Стартапите ја менуваат економијата во Европа

Европа конечно успеа да креира екосистем за стартапи со кој ќе и конкурира на Калифорнија. „Европа гради екосистем по својот модел, дефиниран од техничка експертиза, географски различност и колаборативен пристап со традиционалната индустрија. Поставени се солидни темели: со огромен пристап до таленти; основачи со глобални амбиции; и голема растечка база на софистицирани инвеститори“, вели извештајот […]

0 коментари Прочитај 30 ноември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски гејминг ИТ.ЕУ

Белгија ги забрани кутиите кои се купуваат во видеоигрите (Loot boxes)

Кутиите кои играчите можат да ги купат во Overwatch или Star Wars Battlefront 2  нема да се продаваат во Белгија. Белгиската комисија за игри на среќа донесе заклучок дека: „Плаќање и потоа очекување на нешто што се темели на среќа, е коцкање“, пренесе PC Gamer. Поради ова комисијата разгледа забрана на оваа пракса во видеоигрите. […]

0 коментари Прочитај 23 ноември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести ИТ.ЕУ

Европа го направи првиот чекор за крај на геоблокирањето

На почетокот на следната година Европскиот парламент ќе гласа да го направи првиот исчекор за крај на геоблокирањето во Европа. Станува збор за симболичен потег, кој ќе се однесува единствено на онлајн купувањето и со низа прашања кои ќе треба дополнително да се одговорат. Сепак, новиот закон ќе овозможи жителите на Унијата да купат некој […]

3 коментари Прочитај 23 ноември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

Германија ги забрани паметните часовници за деца

Паметните часовници за деца, се уреди за шпионирање и децата не смеат да ги користат. Ова е одлуката на германскиот регулатор (Bundesnetzagentur) по разгледување на часовниците. Ова не е прв случаj комисијата да забрани некој уред,  претходно истото го направи со куклата „My Friend Cayla“, вели BBC. Причината за забраната е лошата заштита која ја […]

0 коментари Прочитај 20 ноември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Нов електричен автопат ќе ја поврзе Европа од Норвешка до Италија

Компаниите E.ON SE и Clever го објавија следниот чекор за електричните возила во Европа. Станува збор за електричен автопат кој ќе поврзе голем дел од континентот. Ова е „EU flagship“ проект кој од Европската комисија дови инвестиција од 10 милиони евра. Автопатот ќе го поврзува континетот од Норвешка до Италија. Планот е по целата должина на […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Интервјуа

Интервју со Штефан Клајнхард од ESG: „Засега не гледам интерес за потполно автономни возилата“

Паметните возила се иднината на транспортот. Викендов како дел од Muffin конференција во организација на Musala Soft, во Скопје беше г. Штефан Клајнхард од ESG. Ако ESG не ви се познати, возилата на нивниот партнер BMW без сомневање ги знаете. ESG работи на Е/Е (електорника и електрика) за BMW. На проектите во кои овие две компании […]

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи ИТ.ЕУ

WhatsApp и Facebook под лупа на Европската Унија поради нарушување на приватноста на корисниците

Европската Унија има проблем со однесувањето на WhatsApp и Facebook. Минатата година WhatsApp започна да ги споделува пoдоатоците на корисниците со Instagram, Messenger и остaнатите компании под Facebook. Проблемите започнаа откако Facebook го купи WhatsApp. Компаниите ветуваа дека нема да има промена во праксата кога приватноста на корисниците е во прашање, но се случи спротивното. Во август […]

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

Windows 10 собира повеќе податоци отколку што дозволува холаднскиот закон

Холаднските законодавци велат дека Windows 10 собира повеќе податоци отколку што дозволува законот за приватност. Ова значи дека Microsoft наскоро би можел да се најде пред Агенцијата за заштита на лични податоци од оваа држава. Најголемиот проблем е што оперативниот систем не ги предупредува корисниците кои се податоците кои ги прибира, пишува Engadget. Оперативниот систем ги нагодува […]

0 коментари Прочитај 16 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature ИТ.ЕУ

Српскиот стартап UrbiGo верува дека е можно да има паметна градина во секој дом

Белградскиот стартап UrbiGo се обидува на сите да им овозможи да имаат сопствена градина во својот дом. Сопствениците на паметната градина ќе можат да садат, одгледуваат и користат зачини и зеленчук. UrbiGo ја освои и наградата на Social Impact Award. „Учеството на Social Impact Award чии победници и сме, ни помогна да ги усовршиме бизнис и […]

0 коментари Прочитај 13 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ Свет

Хрватскиот Sentinel обезбеди 1 милион евра од SC Ventures за да направи IoT на море

South Central Ventures ја објави својата инвестиција во хрватската компанија Sentinel, водечко решение за рекреативни бродови на Јадранот, со визија за “градење на IoT на море”. Инвестициите во износ од 1 милион евра од ЕНИФ, заедно со приватниот инвеститор Матеј Томазин, се наменети за раст на компанијата во Европа и проширување во САД. Sentinel е трета инвестиција на South […]

1 коментар Прочитај 4 октомври, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Европа најавува промена во начинот на даночење на дигиталните компании

Ако мора, Европската комисија е подготвена и самостојно да го промени начинот на кој се даночат дигиталните компании. Сепак, претставниците на комисијата се надеваат дека во одлуката ќе им се приклучи и останатите побогати држави, јави Reuters. Европската комисија ќе се обиде да пронајде решение за даночење на мултинационалните компании кои својата заработка ја остваруваат […]

0 коментари Прочитај 25 септември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature ИТ.ЕУ

Нова инвестиција од 30 милиони евра за хрватскиот производител на електрични автомобили, Rimac

Најамбициозниот стартап од регионот, хрватскиот Rimac Automobil, доби нова, досега најголема инвестиција. Инвестицијата од 30 милиони евра е најголема и за било која компанија од Хрватска. Инвестицијата доаѓа од најголемиот азиски производител на батерии Camel Group. Инвестицијата е наменета како за Rimac Automobil, така и за Grayp Bikes. Grayp Bikes е компанија сестра на Rimac, […]

0 коментари Прочитај 21 септември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Работниците сепак имаат право на приватност, Европскиот суд за човекови права ја промени својата одлука

Работникот има право на приватност на своето работно место, а Романецот Богдан Барбулески не смееше да биде отпуштен. Со ова Големиот судски совет во Европскиот суд за човекови права ја промени претхода судска одлука по жалбата на г. Барбулеску. Во јануари истиот суд, донесе одлука дека компанијaта не го нарушила правото на приватност. „Судот одлучи дека судот […]

0 коментари Прочитај 6 септември, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Свет

Германија излезе со првите етички правила за автономните возила

Дали требаше нагло да свртите за да ја избегнете дупката? Наглото вртење за да избегнете куче или маче на улица не беше најбезбедна одлука? Луѓето возачи имаат само дел од секундата да одговорат на предизвиците на патот. Компјутерот нема ваква морални дилеми. Германија е првата држава која ќе воведе етички насоки за како автономните возила […]

0 коментари Прочитај 25 август, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Финска се подготвува за автономен јавен превоз

Автономни комбиња на компанијата Sohjoa наскоро ќе започнат со превоз на патници во Финска. За разлика од останатите држави кои сè уште тестираат, Финска се надева дека сервисот ќе стане вообичаен превоз за патниците. Финска овие тестови ги започна пред една година, а судејќи според одлуката се надеваат и на подолги линии. Првите тестови се возеа […]

0 коментари Прочитај 23 август, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature Вести

SC Ventures инвестира 200.000 евра во Virtus Vita за да го револуционизира бизнисот со медицински туризам

По инвестицијата од 500.000 фунти во македонско-британскиот InPlayer, South Central Ventures ја објавија својата нова инвестиција од 200.000 евра во Virtus Vita, глобална компанија за дијализа и патување со визија за револуција во секторот за медицински туризам со својата платформа за медицинска резервација. Светската популација расте и патувањето низ меѓународните граници, со намера да се добие […]

0 коментари Прочитај 21 август, 2017
Редакција
1
Вук Џукич feature ИТ.ЕУ

Некој само што инвестираше во вас, и што сега?

„Ова е гостински текст на Вук Џукич, директор во South Central Ventures ”. Честитки, некој кој не ви е роднина или пријател одлучил да инвестира во вашата мала компанија популарно наречена Startup. И сега прашањето е “ На што да ги потрошиме парите?” нели? Погрешно !!! Ако на време не сте го испланирале растот на бизнисот, истражиле пазарот на кој […]

0 коментари Прочитај 16 август, 2017
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature ИТ.ЕУ

SC Ventures ќе инвестира 500.000 фунти во македонско-британскиот InPlayer

Македонско-британската компанија InPlayer, која работи од Скопје веќе неколку години на своја платформа за монетизација на дигитални содржини, ќе добие инвестиција во износ од 500.000 фунти од фондот South Central Ventures. InPlayer е стационирана во Скопје, каде што е и нејзиниот менаџмент тим составен од извршниот директор Џорџ Мик, оперативниот директор Ненад Чубриновски како и директорот за технологија Филип […]

2 коментари Прочитај 24 јули, 2017
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature ИТ.ЕУ

Дали малиот Amber може да им ги расипе плановите на гигантите

Многу големи компании ги тестираат своите автономни возила и се надеваат дека наскоро ќе можат да ги претстават во сообраќајот. Google и Tesla веќе презентираа дел од можностите на своите возила. Додека гигантите се натпреваруваат кој ќе го претстави првиот автономен автомобил на улиците, холандскиот стартап Amber ќе се обиде да ги престигне во намерата. […]

0 коментари Прочитај 11 јули, 2017
Мени
Заедница
Изглед
To top