Холаднските законодавци велат дека Windows 10 собира повеќе податоци отколку што дозволува законот за приватност. Ова значи дека Microsoft наскоро би можел да се најде пред Агенцијата за заштита на лични податоци од оваа држава.
Најголемиот проблем е што оперативниот систем не ги предупредува корисниците кои се податоците кои ги прибира, пишува Engadget.
Оперативниот систем ги нагодува податоците кои оперативнит систем ги собира од корисникот при самата инсталација. За жал најголем дел од корисниците не внимаваат, а поголем дел и не го инсталираат опреативниот систем сами. Ова придонесува речиси никој да не ги бара нагодувањата за приватност во Windows. Така на пример, најверојатно не знаете дека Edge постојано собира податоци од прелистувањето и од апликациите кои ги користите.
Microsoft тврди дека оперативниот систем им овозможува на корисниците да ги уредат овие нагодувања во делот за приватност. Секако, не помага што најголем дел од корисниците нема да се обидат да го пронајдат овој оддел.
Сепак, иако компанијата смета дека не прави никаква грешка, а корисниците имаат можност да направат промени, најавена е соработка со агенцијата од Холандија.
Вообичаено кога ваков проблем се јавува во една од државите членки на Европската Унија, само прашање на време е кога ќе се појави и во останатите членки. Поради ова, Microsoft ќе се обиде да го реши проблемот што е можно побрзо. Неодамна Европската Унија, покажа дека не и е страв да издаде и рекордни казни ако тоа е потребнo. Пред околу еден месец Google беше казнет со 2.4 милијарди евра.
За надминување на проблемот Microsoft ќе треба да пронајде начин да ги презентира уредувањата пред корисникот во детали. Ова најверојатно ќе мора да биде направено за сите верзии на оперативниот систем. Изгледа веројатно дека компанијата ќе изработи верзија на Windows 10 специјално за Холандија.







