0 коментари 2 мин. читање 23 ноември, 2017

Белгија ги забрани кутиите кои се купуваат во видеоигрите (Loot boxes)

Кутиите кои играчите можат да ги купат во Overwatch или Star Wars Battlefront 2  нема да се продаваат во Белгија. Белгиската комисија за игри на среќа донесе заклучок дека: „Плаќање и потоа очекување на нешто што се темели на среќа, е коцкање“, пренесе PC Gamer.

Поради ова комисијата разгледа забрана на оваа пракса во видеоигрите. Главната причината за загриженост, секако се децата кои почесто играат од возрасните.

Еден од проблемите со кои би можеле да се сретнат издавачите на видеоигри поради оваа промена, е што игрите автоматски влегуваат во друга старосна категорија. Дури и игри кои се наменети за деца од претшколска возраст, ако има „среќни кутии“ веднаш ќе се префрлат во 18+.

Дополнително, Белгија е дел од Европската Унија. Вообичаено законодавствата од една до друга членка брзо се префрлаат на останатите држави. Ова би можело да доведе до забрана во поголем регион.

Слична дилема имаше и американскиот Entertainment Software Rating Board (ESRB) кој ги уредува годишните граници за содржини. Насоката поради која не ги вметнале во игри на среќа, е што играчите добиваат некакава награда кога отвораат кутија.

„Иако има елементи на среќа при отворањето на кутии, играчот секогаш добива нешто. Дури и ако не е посакувано. Сличен е принципот и на колекционерските игри со карти. Понекогаш ќе ви се падне холо-картичка која сте ја чекале долго време. Но, друг пат ќе ви се паднат карти кои веќе ги имате“, вели претставникот на ESRB за Kotaku.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top