Нова инвестиција од 30 милиони евра за хрватскиот производител на електрични автомобили, Rimac

0 коментари 1 мин. читање

Најамбициозниот стартап од регионот, хрватскиот Rimac Automobil, доби нова, досега најголема инвестиција. Инвестицијата од 30 милиони евра е најголема и за било која компанија од Хрватска.

Инвестицијата доаѓа од најголемиот азиски производител на батерии Camel Group. Инвестицијата е наменета како за Rimac Automobil, така и за Grayp Bikes. Grayp Bikes е компанија сестра на Rimac, во која се развиваат електрични моторцикли. Од 30 милиони евра, 3 милиони ќе бидат инвестирани во Grayp Bikes.

„Оваа инвестиција ќе ни помогне да го забрзаме растот, да креираме нови производи за пазарот и да го прошириме нашето глобално присуство. Две клучни области во кои ќе инвестираме се: супер модерен капацитет за компанијата, и лансирање на нашиот електричен супер автомобил од следната генерација, кој ќе го презентираме следната година“, вели Мате Римац.

Rimac Automobile започна во 2009 година, во гаража. Како и Tesla, компанијата успеа да го убеди светот дека електричните автомобили можат да бидат и убави и забавни. Компанијата денес има партнерства со неколку препознатливи брендови како Aston Martin и Koenigsegg.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед