Германија излезе со првите етички правила за автономните возила

во ИТ.ЕУ, Свет

Дали требаше нагло да свртите за да ја избегнете дупката? Наглото вртење за да избегнете куче или маче на улица не беше најбезбедна одлука? Луѓето возачи имаат само дел од секундата да одговорат на предизвиците на патот. Компјутерот нема ваква морални дилеми.

Германија е првата држава која ќе воведе етички насоки за како автономните возила треба да решаваат кога ќе имаат сличен проблем. Возилата на прво место мора да ја стават безбедноста на луѓето пред животните или материјалните добра. Подеднакво важен е и заклучокот дека автономните возила мора да нудат барем малку поголема безбедност од луѓето возачи.

За жал, некогаш незгодите нема да можат во целост да се избегнат. Автономните возила ќе мора да избегнуваат и превенираат незгоди кога ова е можно. Најголемиот проблем ќе биде кога возилото ќе треба да одлучи кој од предвидените настани е најмалку лош.

Најнепосакуваните ситуации кога возилото мора да одлучи помеѓу животот на еден или друг човек нема да бидат ниту стандардизирани, ниту може да бидат програмирано етички прифатливо решение. Ако за луѓето се знае точно кога некој возач е виновен, за технологијта нема да постои вистинска кривична одговорност. Поради ова германските власти сметаат дека ќе биде потребна јавна агенција, која ќе ги разгледува настаните.

„Во случај на незгода која не може да се избегне, правење на било каква разлика (возраст, пол, ментално здравје) е забрането. Забрането е и да се споредуваат жртвите една наспороти друга. Програмска оценка на решение за најмали можни повреди е оправдано. Двете вклучаени страни во сообраќајот, нема да можат да жртвуваат други учесници кои не се вклучени во несреќата“.

Обештетувањето во случај на штета е слично као и во САД. Штетата направена од автономен систем ќе биде разгледувана како и сите останати одговорности за производи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments