Европа го направи првиот чекор за крај на геоблокирањето

3 коментари 2 мин. читање

На почетокот на следната година Европскиот парламент ќе гласа да го направи првиот исчекор за крај на геоблокирањето во Европа. Станува збор за симболичен потег, кој ќе се однесува единствено на онлајн купувањето и со низа прашања кои ќе треба дополнително да се одговорат.

Сепак, новиот закон ќе овозможи жителите на Унијата да купат некој производ онлајн од било која држава. Ова е важно пред сѐ за единствениот дигитален пазар кој е една од главните цели на Европската Унија подолг период.

Одлуката ја поддржаа сите 28 држави членки, Европскиот парламент и Европската комисија, јави Reuters.

Законот ќе овозможи купувачот сам да си одреди од каде ќе купи некој производ. Продавачите нема да можат да ги редиректираат корисниците на веб-страниците од државата. Односно, ако производот е достапен во некоја држава членка, ќе може да биде испорачан секаде.

Делот со испораката е проблематичен. Ако продавницата од која го купува производот не врши испорака преку граница, купувачот самиот ќе мора да се снајде за транспорт.

Лоша вест е дека за музика и серии сè уште не важат истите правила. Оваа содржина, која е подложна на интелектуална сопственост, останува како што е. Ова е еден од проблемите кои Европската Унија се обидува да го надмине. Трагичното е што преку граничина размена на овие содржини, ЕУ би им овозможила на заедниците чии јазик е малцински, содржината да ја гледаат на својот јазик.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top