Некој само што инвестираше во вас, и што сега?

во feature, ИТ.ЕУ, Совети, Статии

„Ова е гостински текст на Вук Џукич, директор во South Central Ventures ”.


Честитки, некој кој не ви е роднина или пријател одлучил да инвестира во вашата мала компанија популарно наречена Startup. И сега прашањето е “ На што да ги потрошиме парите?” нели? Погрешно !!!

Ако на време не сте го испланирале растот на бизнисот, истражиле пазарот на кој ќе настапувате, конкуренцијата и не се опкружите со квалитетни луѓе кои веруваат во вашата визија… парите нема да се проблем, пари нема да има.

Она што во суштина го имате со инвестиција е 12/18 месеци (runway) обезбеден живот за компанијата да ги исполни ветувањата. Што ќе направите во овој период ќе ве дефинира како компанија пред инвеститорите и останатите околу вас.

Да не се лажеме, инвестицијата не е крајна цел, тоа е самиот почеток. Инвеститорот кој е подготвен да ве подржи вас и вашиот тим во остварување на целите многу брзо ќе крене раце доколку му продавате приказни “, а всушност работите не се движат по план. Третирајте ги вашите инвеститори како партнери инаку многу лесно може работите да тргнат наопаку.

Паметниот човек се држи до изреката Почитта не е загарантирана, таа мора да се заслужи и тоа е процес. Во најдобар случај може да се надевате на пристојност која може да се надоградува преку взаемни достигнувања”.

Го гледам сучајот како антитеза на модериот синдром на блого-манија која ја промовира секоја инвестиција како успех, а не се осудува да направи длабинска анализа на самиот бизнис во месеците по инвестицијата. Никој не знае, можеби за неколку месеци или година нема ни да постои бизнис за интервју. Затоа не бидете заслепени од хајпот и прашината што се крева, да добиете инвестиција е огромен товар еднаков на 2 тона цигли да ги качуваш по некое стрмно брдо. Тие што ќе стигнат до врвот ќе имаат комплетно поширока слика, разбирање, а и сила за уште потешки предизвици. Ако ве интересира вакво окружување и случувања продолжете со читање.

Да почнеме од почеток, од планот. Секој инвеститор сака да види план за развој и буџет. Ако ги имате нафрлано бројките колку само да му се допадне на инвестирторот, секако дека тоа ќе излезе на виделина. Бидете спремни конструктивно да објасните Зошто, Кога, Како и За што”. Тест прашања на кои мора да имате одговор. Чисто пријателски совет, не го правете тоа за инвеститорите, направете го тоа за себе.

Нешто инвеститорите што најмногу го ценат кај основачите е педантност и обрнување внимание на деталите. Тоа го охрабрува инвеститорот дека нема да си играте со сметковотството и дека со туѓите пари ќе се однесувате како со свои. Кога е инвеститорот сигурен тогаш може да се фокусира на ширење на контактите и промоција на компаниите, што секако на сите им оди во прилог.

Една од омилените ставки во буџетот е опремата. Она што ќе го напишете буквало излегува од екранот. Обидете се да ме уверите дека МОРАТЕ да го имате најновиот лаптоп за праќање мејлови, или уште повеќе ергономска столица од 2.000 долари направена од кожа на еднорог е неопходна.

Кога компанијата ќе почне сериозно да заработува, тогаш може да си дозволите малку комфор или како што се вика во ИТ компаниите, култура”. Сигурно нема побрзо или подобро да го продадете својот производ-услуга со лаптоп кој чини 3000 наместо 500 долари. Никој не сака да види претинциозен директор (кој себеси се условува CEO) на стартап, сакаат да видат лидер кој го води својот тим и пожртвувано ги влече циглите нагоре. И не треба да се повторуваме, титулите и наградите не значат ништо, тоа што создавате, тоа ве дефинира повеќе од она што е пишано на вашата бизнис картичка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk