WhatsApp и Facebook под лупа на Европската Унија поради нарушување на приватноста на корисниците

Европската Унија има проблем со однесувањето на WhatsApp и Facebook.

Минатата година WhatsApp започна да ги споделува пoдоатоците на корисниците со Instagram, Messenger и остaнатите компании под Facebook.

Проблемите започнаа откако Facebook го купи WhatsApp. Компаниите ветуваа дека нема да има промена во праксата кога приватноста на корисниците е во прашање, но се случи спротивното.

Во август 2016 година WhatsApp објави дека ги менува правилата за користење, и ќе започне да ги споделува податоците. На корисниците им беше оставен период од 30 дена да се откажат од споделувањето.

Законодавците во Европа сметаат дека ваков „земи или остави“ пристап не е дозволив и претставниците на Facebook и WhatsApp сега треба да се сретнат со претставници на Унијата.

Претходно и Facebook и WhatsApp ги уверуваа корисниците дека нема да има промени, и дека компаниите нема да ги споделуваат овие податоци. Но, WhatsApp започна да ги споделува податоците со останатите компании во сопственост на Facebook.

Прва реагираше Германија. Комесарот Јоханес Каспар тогаш изјави:

„Германските корисници не му дале дозвола на Facebook за собирање и обработка на нивните податоци“.

Заедно со оваа информација дојде и забрана за Facebook за собирање на податоци за граѓаните на Германија.

Уште со оваа забрана на германските власти беше речиси извесно дека наскоро ќе има реакција од Европскaта  Унија, што сега и се случува.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk