Хрватскиот Sentinel обезбеди 1 милион евра од SC Ventures за да направи IoT на море

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ, Свет, Софтвер

South Central Ventures ја објави својата инвестиција во хрватската компанија Sentinel, водечко решение за рекреативни бродови на Јадранот, со визија за “градење на IoT на море”. Инвестициите во износ од 1 милион евра од ЕНИФ, заедно со приватниот инвеститор Матеј Томазин, се наменети за раст на компанијата во Европа и проширување во САД. Sentinel е трета инвестиција на South Central Ventures во хрватска компанија, вклучувајќи ги Agriva и Bulb.

Иако веќе постојат илјадници паметни решенија достапни за автомобили или домови, на бродовите за рекреација им недостасува поврзаност и „интелигенција“. Пазарот за “поврзани бродови” е тема за повеќе од 30 милиони регистрирани рекреативни бродови на глобално ниво. Само во Европа се продаваат речиси 30.000 бродови секоја година, проследено со тренд на пораст на глобалниот пазар од 8% на годишно ниво. Во моментов сопствениците на бродовите и компаниите за изнајмување на бродови имаат ограничени можности за контрола и управување со своите бродови. Sentinel ги решава проблемите со одржувањето на бродовите и логистиката на компаниите и приватните сопственици преку складирање на податоците преку единствена интернет платформа. Oвозможува да ја следите локацијата на секој брод (мониторинг на флотата), статус (батерија, итн.) и информации за користење (посети на бензински пумпи, приближно време на пристигнување, опасни зони итн.)

Намалувањето на трошоците за одржување и безбедноста на бродот се една од првите придобивки што ги овозможува Sentinel на бродосопствениците. Нивото на ризик поради лошите временски услови, неисправната опрема, и погрешните правци ќе бидат значително намалени со помош на Sentinel. Нивното решение помага да се обезбедат навремени квалитетни податоци, а во исто време и генерирајќи големи количини на податоци за морето, какви што недостасуваат и затоа се повеќе вредни.

Компанијата е основана во 2014 година и оттогаш постигнува значителен раст со фокусирајќи ги сопствените производи на бродската индустрија за изнајмување. Нивниот тим е изгласан меѓу најдобрите во еден од 10-те на глобално ниво и награден за најдобар IoT стартап.

Тимот на Sentinel

Нивниот основач Марко Пилар (CEO) и Грегор Пипан, исто така, се коосновачи на XLAB
облак компјутери, техничкиот гениј Педро Костелец (CTO) и Матиќ Херман (водечки хардвер
девелопер) го сочинуваат централниот тим. Во моментов, нивниот тим брои 10 луѓе со претежно технички позадини.

“South Central Ventures го испорачува потребното гориво за понатамошна експанзија на тимот и ја поддржува нашата стратегија која расте со агресивно темпо. Предизвикот за поврзување на секој брод на вода е постојан и клучен
фактор за постигнување на “паметен брод”, насока во која оди индустријата. Ние сме признати како специјалисти за изнајмување чамци и ние ќе продолжиме да се фокусираме на индустријата, но сега ќе направиме и посилни потези кон пазарот на приватни корисници “, рече Марко Пилар, извршен директор на Sentinel Marine.

Марко Пилар

“Бродовите за рекреација отсекогаш биле еден од премиум сегментите на слободни активности. Повеќето од сопствениците на приватните чамци би сакале да имаат можност да го проверат статусот на своите миленици кога сакаат. Sentinel ги носи информациите на сопствениците во реално време на нивниот мобилен телефон и го прави нивниот живот порелаксиран. Но, Sentinel е многу повеќе од само далечинска контрола во реално време. Овозможува собирање податоци од бродови и придонесува за зголемена безбедност на море. Восхитени сме да работиме со овој посветен тим и да бидеме дел од Sentinel во нивната мисија за изградба на сеопфатна IoT на морето “, рече Јуре Микуж, главен партнер на South Central Ventures.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во инвестициското портфолио на South Central Ventures се вклучени 14 компании меѓу кои InPlayer, Agrivi, Bulb, Alchemy, Virtus Vita, TradeCore and Sentinel Marine. […]