Српскиот стартап UrbiGo верува дека е можно да има паметна градина во секој дом

во feature, ИТ.ЕУ

https://www.facebook.com/UrbiGo/

Белградскиот стартап UrbiGo се обидува на сите да им овозможи да имаат сопствена градина во својот дом. Сопствениците на паметната градина ќе можат да садат, одгледуваат и користат зачини и зеленчук.

UrbiGo ја освои и наградата на Social Impact Award.

„Учеството на Social Impact Award чии победници и сме, ни помогна да ги усовршиме бизнис и организациските вештини. Драго ни е што потенцијалот на нашиот производ е препознаен од неколку интернационални програми и конфернеции, помеѓу кои е е SLUSH. Засега на големо се подготовувавме за најдобра презентација на UrbiGo во ноември, во Хелсинки“, вели Ања Чарапиќ, која е дел од UrbiGo, за Netokracija.

Старапот работи на паметни вертикални градини кои ќе овозможат дури и во становите во кои нема простор да има барем малку место за растенија. UrbiGo се фокусира на надминување на 3 главни проблеми за кои сметаат дека се прична што нема доволно градини. Недостиг на време, недостиг на простор и недостиг на знаење се главни причии за малиот број „градини“ во домовите.

Паметната градина ги отстранува трите проблеми. Градината доаѓа со неколку сензори кои преку паметниот телефон овозможуваат следење на градината.

Но, креаторите на UberGo сакаат и преку самиот производ да го намалат загадувањето, па сè е изработено од рециклирани материјали.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments