0 коментари 2 мин. читање 23 август, 2017

Финска се подготвува за автономен јавен превоз

Автономни комбиња на компанијата Sohjoa наскоро ќе започнат со превоз на патници во Финска. За разлика од останатите држави кои сè уште тестираат, Финска се надева дека сервисот ќе стане вообичаен превоз за патниците.

Финска овие тестови ги започна пред една година, а судејќи според одлуката се надеваат и на подолги линии. Првите тестови се возеа на линии од околу 400 метри и 12 патници во возилото. Оттогаш сензорите се напреднати, па може да се возат и подолги рути, јави ReadWrite.

Автономните комбиња ќе бидат достапни во најголемите шест градови во Финска. Возилата со кои се врши транспортот се EasyMile Ez10, дизајнирани во Државниот институт за технологија од Лозана, Швајцарија.

Доколку проектот биде успешен, Финска ќе биде првата држава која ќе има јавен превоз со автономни возила. Целата на проектот е да се направи јавниот траспорт поудобен, подоверлив и подостапен за жителите на Финска. Со ова би се мотивирале жителите на Финска да го намалат бројот на возила, а со тоа и сообраќајниот метеж.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top