0 коментари 2 мин. читање 25 септември, 2017

Европа најавува промена во начинот на даночење на дигиталните компании

Ако мора, Европската комисија е подготвена и самостојно да го промени начинот на кој се даночат дигиталните компании. Сепак, претставниците на комисијата се надеваат дека во одлуката ќе им се приклучи и останатите побогати држави, јави Reuters.

Европската комисија ќе се обиде да пронајде решение за даночење на мултинационалните компании кои својата заработка ја остваруваат онлајн. Ова најмногу важи за компании како Amazon кои иако продаваат и доставуваат производи насекаде во Европа, данокот го плаќаат во Луксембург и Ирска. Причината за ова е што овие држави имаат значително пониски даночни стапки од останатите членки на Унијата. Како последица на ова, обичните продавници во Европа плаќаат два пати повисок данок од онлајн продавниците.

Предлогот на Европската комисија ќе им биде презентиран на европските лидери оваа недела, а прифатливо решение се очекува до декември.

Едно од предлог решенијата е изнаоѓање на можност за даночење на компаниите во државите во кои го остваруваат профитот, дури и кога немаат физичко присуство во државите. Ова секако може да биде преодно решение. Долгорочно решние за Европа сепак останува единствениот европски пазар, со кој ќе се избегнат сите злоупотреби.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top