Apple вели дека Opera е само за 17+ возрасни; Opera се изнасмеаа
Веб прелистувачот Opera се појави во Mac продавницата за апликации и беше одбележана од Apple како апликација за која треба да имате најмалку 17 години за да ја користите.
Софтвер вести, анализи, алатки, апликации и практични водичи за продуктивност, развој и дигитална работа. IT.mk ги следи најважните софтвер трендови за корисници и професионалци.
Веб прелистувачот Opera се појави во Mac продавницата за апликации и беше одбележана од Apple како апликација за која треба да имате најмалку 17 години за да ја користите.
Ericsson работи на креирањето на API кој ќе овозможи peer-to-peer видео конверзација. Ова API е дел од нивната серија на нови технологии кои ги користат можностите на HTML5.
<Надополнето 01.03.11>Договорот беше најавен ланскиот август, а сега Intel и официјално ја комплетираше аквизицијата на безбедносната фирма McAfee.
<Надополнето 25.02.11>Google Cloud Connect за Microsoft Office сега e достапен за сите корисници. Cloud Connect плагинот ги синхронизира веб базираниот Google Docs со Microsoft Office, овозможувајќи едитирање на документите со Office интерфејс при тоа користејќи ги веб можностите на Google Docs како пристап на документите од било каде (вклучувајќи и од мобилен) или споделување на документите.
Излезе четиринаесетата верзија на WordPress наречена „Reinhart" според џез гитаристот Џанго Реинхардт. WordPress 3.1 можете да го симнете мануелно, или пак да го надградите од вашиот dashboard.
Microsotf Research и групата Applied Sciences на Microsoft ги презентраа претходно тајните прототипи и неверојатни концепти на овогодишниов TechForum.
Развивачите на апликации сега ќе можат да го искористат алатките за софтверски развој (SDK) и плагини со алатките за развој на Android (ADT) за да креираат апликации за новиот Honeycomb, односно верзија на Android мобилниот оперативен систем кој е приспособен за таблет компјутерите.
Првата надградба на Windows 7 не ни носи некои особено возбудливи новини, но е одлична ако не сте го надградувале Windows 7 редовно бидејќи ги содржи сите претходни надградби за сигурност, стабилност и перформанси. SP 1 може да го симнете преку Windows Update, или пак да го мануелно исталирате и симнете од официјалната страница.
Microsoft ќе објави алатки за развој на софтвер за Xbox Kinect, што ќе им даде на развивачите пристап до технологијата за да експериментираат со неа, пишува BBC.
IndexTank објавија нов интерфејс за развивање на апликации, кој им овозможува на програмерите да додадат пребарување на нивните апликации или да градат енџини за пребарување со множества од податоци кои се достапни на интернет. API-то на IndexTank дефинира методи за менаџирање на индекси (креирање и бришење), оперирање со индексите (додавање и бришење документи, функции и сл.), извршува пребарувања и сл.
Adobe најави дека Flash 10.2 ќе биде инсталиран на некои таблет компјутери и на повеќето Android Honeycomb таблет компјутери во „следните неколку недели“. Според Adobe, во 2011-та ќе се претстават околу 50 таблет компјутери кои ќе понудат богато веб искуство, а повеќето ќе користат Flash.
Google Body e алатка за преглед на детален 3Д модел на човечкото тело. За да можете да го видите не ви се потребни никакви додатоци како Java или Flash, ќе ви треба само прелистувач кој поддржува WebGL како што е Google Chrome.
Google работи на порадикални промени во корисничкиот интерфејс, особено околу дизајнот на омнибоксот (барот за адреси). Како што и се забележува во развојот на Chrome, Google се стремат кон што поминималистичкиот дизајн. Овојпат, централната идеја се врти околу отстранувањето еден од двата реда кои во моментов се наоѓаат во горниот дел на прелистувачот, односно сакаат да го отстранат URL барот и да ги интегрираат табовите и барот во едно.
Watson е суперкомпјутер на IBM кој ги победи човечките наптреварувачи на квизот Jeopardy!. Watson е така дизајниран да може да одговара на прашања кои се поставени на природен јазик. Тоа е многу важно поради многу причини, од кои можеби поважната е дека тоа што нас, луѓето, не одвојува вистински од животинското царство и не прави навистина луѓе е нашето лингвистичко знаење. Од настанувањето на компјутерите, целта од секогаш беше да се создаде софтвер кој разбира и може да комуницира на природен човечки јазик.
Пол Рожет од Mozilla објави вид инфографик во кој го омаловажува новиот Internet Explorer 9 чија финална тест верзија беше објавена само пред некој ден.
Microsoft ја пушти за симнување и тестирање последната верзија пред објавувањето на новиот Internet Explorer 9 прелистувач. Oва е последната тест верзија пред конечната.
OpenSignalMaps е апликација која ви го кажува токму тоа. Во моментов ја има само за Андроид, а креаторите - Staircase 3 на нивната веб страна велат дека работат и на апликација и за iPhone.
Љубљанскиот Vox.io е единствениот регионален стартап и еден од трите победници на лондонскиот натпревар за стартапи Seedcamp. Vox.io е VoIP веб апликација за телефонски и видео повици преку интернет, директно од прелистувачот. Со Vox.io не симнувате софтвер како што е пример со Skype туку се логирате веднаш од прелистувачот.
HackerBuddy е едноставна апликација која има пријателски намери. HackerBuddy е сосема нова апликација која работи на принципот на „спарување" на двајца програмери/хакери кои можат да си помогнат еден на друг.
Flash Player 10.2 за Windows, Mac, и Linux ни носи едно поинакво и подобрено искуство кога се работи за веб видеата. Оваа верзија ни носи целосно хардверски забрзан видео pipeline, кој се нарекува Stage video, a кој ќе ни овозможи да гледаме најдобри видеа според различните платформи и прелистувачи.