Наместо да се загрижи Opera на ова се изнасмеа, велејќи дека „се загрижени“ и побараа границата да се стави на 18+ години.
„На седумнаесет се многу млади, јас не сум сигурен ако, на таа возраст, луѓето се спремни за таква апликација. Знаете таа е многу брза и имате многу опции. Мислам дека границата за симнување треба да биде 18 години“, вели Јан Сандал од Opera во блог постот каде додаде и дека има начин како да се симне прелистувачот без да се грижат корисниците за возраста.
„Само посетете ја www.opera.com и симнете го прелистувачот. Не бараме потврда за години ниту кредитна картичка. Би ве замолил побарајте дозвола од родителите пред да го симнете прелистувачот.“
Apple-вата 17+ години е заради „интензивни, возрасни и сугестивни теми“. Сите прелистувачи достапни преку Mac App Store се означени со 17+.








*facepalm*