Достапен Service Pack 1 за Windows 7

во Софтвер

Kлучните новини се решениот проблем со HDMI уредите кои престануваат да работат после рестартувањето на компјутерот, поправеното однесување кога се печатат XPS документи и сменетото однесување после Restore previous folders at logon, така што сега ги враќа на нивната предходна позиција, а не во каскаден ред со предност на последно активниот.

Овие нови подобрени однесувања не значат многу, но Service Pack 1 е клучен по тоа што ги содржи сите претходни надградби и закрпи. Доколку некој сака да провери дали неговиот омилен баг е среден, може да го бара во оваа листа (Еxcel документ) на сите надградби кои доаѓаат со Service Pack 1. Листата со надградби е долга, но просечниот корисник нема ни да ги забележи настанатите промени бидејќи не играат голема улога во неговото секојдневно работење.

Големината на Service Pack 1 за 32 битни верзии е 537 Mb, а за 64 битни пак, 903 Mb. Ако имате некоја предходна верзија на Service Pack 1, морате да ја отстраните пред да ја инсталирата оваа официјална верзија, а исто така, треба да се напомене и дека можно е некои од антивирусните софтвери да го спречуваат инсталирањето на Service Pack 1, па добро е да ги исклучите.

Заедно со Service Pack 1 за Windows 7, Microsoft го објавија и Service Pack 1 за Windows Server 2008 R2 кој носи две нови опции за виртуелизација на работната површина RemoteFX и Dynamic Memory. Повеќе за овие нови опции можете да прочитате тука. Од Microsoft велат дека ја сметаат виртуелизацијата како чекор поблиску до cloud computing, и се трудат да овозможат еден целосно интегриран сервер, виртуелизација и решенија за менаџирање за купувачите и партнерите да можат да развијат свои приватни облаци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments