Познати клиенти на IndexTank се Reddit и WordPress. Reddit се многу задоволни од IndexTank кои сега се грижат за нивното пребарување. Од Reddit велат дека досега не биле задоволни од пребарувањето, затоа што секогаш го надраснувале она што го имале. Текстовите на Reddit се редат според гласови, така да секое пребарување мора да биде скоро во реално време и да зависи од корисничките гласови кои ги има околу 3.000 во минута, велат тие во нивната студија на случај.
Новина е и исто така, дека отсега има додаток за WordPress кој ве спасува од тоа да се заминавате со API и кој лесно може да го додадете на вашите WordPress страници.
(via ReadWriteWeb)







