Што точно значи тоа peer-to-peer видео пренос? Tрадиционално, комуникацијата помеѓу две страни се одвива преку некој сервер помеѓу нив. Тоа е затоа што досега интернет прелистувачите ја немаа можноста за комуницираат на тој начин. Со peer-to-peer конекцијатa се овозможува рамките директно да бидат разменувани помеѓу корисниците, без да има сервер помеѓу нив кој ќе ги пренесува.
API-то кое е предложено oд Ericsson се вика ConnectionPeer, кое е доста минимално во однос на тоа што сигнализацијата (логирањето, поканувањето на пријатели и сл.) го остава на традиционалните HTTP методи, односно серверот сеуште се користи како посредник за тие работи.
Ова API го извршува тоа во неколку чекори:
- Собира информации за себеси и како може некој да му пристапи однадвор.
- Ги додава конфигурациските информации за другиот peer
- Ја воспоставува peer-to-peer конекцијата, овозможувајќи податоците да се разменуваат директно помеѓу двете страни.
За повеќе информации за тоа кои методи се користат за да се извршат овие чекори и кодот, кликнете овде.
Од Ериксон велат дека иако ова API е мало, е добра почетна точка затоа што нуди вистински новини, односно нешто што е фундаментално различно од традиционалната мрежа, а тоа се peer-to-peer конекции без посредник.







