Со кликнување на API-то кое сакате да го видите, добивате линк до полната документација, имињата на методите и, на крај, параметрите. Пополнете ги параметрите во одредените полиња и притиснете го копчето за извршување, a подолу ќе ви се покажат резултатите.
Google советува за почеток да ги пробате овие три: проширување на goog.le URL,превод на фраза во француски и листање на лични Buzz постови.
Од Google велат дека „целта е да се направат големите API-ја како Docs и Maps прегледни во Explorer“. Вака ќе може да „украдете“ од мудроста на Google и да научите нешто ново. Од другата страна пак, целта на Google е да поттикне се повеќе развивачи да ги користат нивните сервиси, со што би ги направиле попопуларни и со тоа повеќе пари од маркетинг.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.