WordPress 3.1 има повеќе од 2.000 промени и 820 разрешени багови.
Што се однесува до дизајнот, нема некои забележителни промени освен малку олеснетата dashboard. Исклучок е плавата тема, каде има помали промени.
Позначајни промени се:
- Интерното линкaње – со кликнување на копче за интерен линк може да пребарувате низ веќе постоечките содржини за да најдете одреден блог, или пак само да ги прегледате и одберете од нив кои да ги линкате во вашиот нов блог.Ова ќе им се најде многу корисно на оние кои често линкаат свои стари содржини, особено оние страници кои имаат многу содржина.
- Админ бар – содржи разни линкови до корисни админ алатки. Овој бар можете да го видите ако сте логирани на вашите страници.Отсега овој бар е овозможен по зададено (default), но можете да го исклучите ако ви смета. Се наоѓа на врвот на секоја страница кога сте логирани.
- Олеснет интерфејс за пишување – многу од опциите кои ретко се користат се оневозможени по зададено (default), за да се добие почист интерфејс.
- Пост формати – оваа опција можат да ја корисат авторите за да го прилагодат на своите потреби тоа како сакаат нивниот блог да се презентира на интернет. На пример, може да одберете „aside, link, video, image, quote, status, audio, chat или gallery”. Одбирањето на било која од овие опции ќе го претстави вашиот блог на различен начин, според предефинирани правила.
- И друго – нови CMS можности, сосема нов Network Admin итн.
WordPress од верзија во верзија носат се повеќе и подобри опции. Одлично е тоа што многу обрнуваат внимание на потребите на корисниците.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови









