Microsoft вели дека IE 9 e револуција вo интернет прелистувачите, компатибилна со HTML5 стандарди, и хардверски забрзани графики и апликации кои работат во прелистувачот, длабока интеграција со Windows 7, и сосема нов интерфејс кој цели да биде што помалку нападен.
Chakra, JavaScript енџинот на IE9 e најбрзиот енџин според SunSpider Benchmark, барем така вели Microsoft. Се забележува дека перформансите на прелистувачот се многу подобрени од бета верзиите, и од Microsoft велат дека тоа не е случајно, туку дека направиле преку 2.000 промени од бета верзиите во оваа финална верзија.
Една од најдобрите нови опции на оваа верзија е тоа што може посебните табови кои се отворени, да се стават за засебни редови под One Box, местото за впишување адреси кое сега е како Omnibox на Google Chrome, односно има функција да се пребарува директно од таму. Ова ќе им биде мошне корисно на оние кои често отвараат многу табови, затоа што на овој начин ќе имаат поголема прегледност. Oваа опција добро функционира со дизајнот на IE каде табовите се лево од барот за адреси па делува како да има малку место за нив. Намерата на ваков дизајн е да се остави поголема прегледност за отворените веб страни.
Сепак, најголемите промени се однесуваат на сигурноста и приватноста. ActiveX филтерот ги спречува сите ActiveX контроли да работат, и страниците треба да се дозволуваат секоја посебно. Оваа опција е исклучена по зададено (default), и оние корисници кои не се запознаени многу со техниката нема сигурно да ја овозможат, што е навистина штета бидејќи ним им е најкорисна.
Tracking Protection е исто така оневозможена по зададено. Ова е опција која оневозможува одредени сајтови да го следат тоа што го правите на интернет, и да ви се појавуваат оние здодевни реклами на секој сајт кој ќе го посетите. Интересно и многу корисно е тоа што можете да си симнете листа со такви сајтови од >овде на пример, или од некое друго место, што ве спасува од тоа сами да ги барате и блокирате. Оваа опција не е ексклузивна само за IE9, и Chrome и Firefox работат на истиот случај.
Исто така, можете и да ги закачите(pin) страниците во вашиот Windows 7 таскбар. Има код којвеб развивачите можат да го стават со што ќе може да се влече слика од страната и да се закачи во таскбарот. Ова е одлично за промоција на веб страниците, но е проблематично затоа што Microsoft го направиле да работи само на Windows, и имаат голем број негативни коментари во таа насока.
Корисничкиот интерфејс е доста подобрен од вета верзиите, и дури е и симпатичен. Изгледа Microsoft решиле да го следат примерот на Google Chrome и да ги минимизираат изгледот, а да ја максимизираат функционалноста.
И на крај, малку субјективно искуство: Microsoft внесувајќи нови опции сакаат да го вратат својот IE назад на врвот на пазарот. Тоа некако не им оди, со оглед на тоа што од 68,5 % во јули 2008, користеноста на IE падна на 46% денес на глобално нив, мерено според >StatCounter. Гледано од страна на македонските корисници, односно читатели на It.com.mk само 6.4% се IE корисницит, додека Chrome и Firefox се користат од 39%, односно 47 отсто од .мк корисниците.
Иако опциите на IE се револуционерни во времето кога ќе се претстават, очигледно е дека конкуренцијата многу брзо напредува, што значи Microsoft ќе мора да биде многу, многу подобар за да излезе пак на врвот.
Таа користеност што ИЕ моментално ја има е благодарение на тоа што доага веке инсталиран во најкористениот оперативен систем.
мене баш ми е закон новава верзија… само да ја финализираат сметам дека ќе стане добра војна помеѓу прелистувачите :)
da be 47 + 6.4 = 53.4% a drugite shto koristat? 47% netscape i safari??? abe idete krshete glava
"… а Chrome и Firefox се користат од 39%, односно 47 отсто од .мк корисниците"
:)
Eve gi brojkite od IT.com.mk
Firefox – 46.69%;
Chrome – 40.04%;
Internet – 6.35%;
Opera – 5.26%;
abe idi krshi glava. ;]
Opera 5.26%. Пред Safari? Ма иди крши глава :P
Safari 1.42%
Krshi glavu brat.