Windows верзија на OmmWriter се очекува во следните неколку недели

OmmWriter е едноставен процесор на текст, кој нуди едно сосема различно искуство од на пример Microsoft Word. На нивната страница велат дека сакаат да ја имитираат интимноста која ја има оној кој пишува со хартијата, што би овозможило подобар тек на инспирацијата. OmmWriter го прави тоа така што наместо интерфејс со многу копчиња и маргини, нуди минималистички чист простор со позадина која вие сами ќе ја одберете, и музика за да ве оттргне од секојдневниот шум во позадината. Дури можете и да си одберете звук кој ќе се огласува на секое притиснато копче на тастатурата и уште повеќе да ја доловите саканата атмосфера.

Од компанијата веќе пуштиле неколку копии да ги тестираат блогери и нивниот впечаток е и повеќе од позитивен.

Засега OmmWriter е достапен само за MAC компјутери. Има и бесплатна верзија и верзија која се купува, со повеќе опции.

Introducing OmmWriter Dāna from herraizsoto&co on Vimeo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
moondowner
moondowner
10 years ago

Интересен fulscreen editor :)

textroom и FocusWriter се исто продукти во оваа категорија, можеби не се исполиран(нашминкани?) како OomWriter но се бесплатени и ги има за Linux, Windows и Mac. http://code.google.com/p/textroom/ http://gottcode.org/focuswriter/

вреди да се проверат

Tamara Atanasoska
10 years ago
Reply to  moondowner

Одма симнувам некој додека го чекам OmmWriter ! фала:)

види ги сите огласи на kariera.it.mk