Microsoft го претставува IE 9 како револуционерен прелистувач, но според Пол Рожет од Mozilla и линканите тестови, Firefox 4 е далеку посупериорен. За волја на вистината Mozila не прави споредба меѓу „огнената лисица“ и Google-виот Chrome, кој станува еден од посериозните конкуренти превземајќи поголем дел од пазарот што претходно беше на Internet Explorer. А ако IE 9 е лош, тогаш можеби Mozilla треба да се потруди да се спореди со правиот конкурент.
Пример, на HTML5 тестот линкан од Mozilla во инфографикот, мојот Firefox 3.6 имаше резултат од 156 поени, додека мојот Chrome 9 имаше резултат од 285 поени! Ова е повеќе и од резултатите за Firefox 4. Just sayin’ како што пишува Mozilla на својата анти-IE презентација.
Во секој случај еве дел од тоа што го презентира Mozilla. Повеќе информации за тестовите и перформансите на Firefox и IE ќе најдете на инфографикот, или тука.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.