Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Хардвер

Лансирајте си свој сопствен TubeSat сателит

Компанија од Калифорнија, Interorbital Systems, продава опрема за правење на сопствен сателит за 8.000 долари. TubeSat опремата за личен сателит содржи основни компоненти за креирање сателит, батерии, соларни ќелии, ресивери, микрокопјутери, електронски компоненти, нацрти... и место да си вметнете дополнителна персонализирана опрема зависно од експериментот кој сакате да го направите. Секој пакет содржи и гаранција за лансирање во орбитата на Земјата од ракетата на Interorbital. Нивната ракета ќе лансира 32 TubeSats сателити, а првите лансирања се закажани за март 2011 година.

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Мozilla со додаток за Firefox кој снима видео и аудио

Mozilla Labs на својот блог пишува дека работат на додаток за прелистувачот кој не само што ќе пушта аудио и видео, туку ќе има можност и да ја сними содржината. Додатокот со име Rainbow им дозволува на развивачите да пристапат до хардверското видео и аудио снимање со неколку линии на JavaScript код.

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook стартува приказни меѓу два пријатели

Facebook приказната меѓу два пријатели (или Friendship страната) е страна каде се прикажува интеракцијата меѓу два пријатели, односно служи како еден вид дневник на нивните заеднички активности и заедничката комуникација, коментари, фотографии каде се тие тагирани заедно...

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Новиот Yahoo! Мail

Yahoo го објави новиот бета Yahoo Мail кој достапен за сите. Новиот бета изгледа доста свежо спореден со поранешниот. Изгледа убаво и едноставно и нуди побрзо имејл искуство, „го изградивме од темели за да биде брз колку што вие сте продуктивни“ вели Yahoo.

5 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Свет Хардвер

Кратка историја на роботите

Дали знаевте дека првиот "робот" бил наречен Гулаб и работел на пареа, а бил создаден од грчкиот математичар Аркитас уште 400 години пред нашата ера? Дали знаевте дека зборот "робот" го добил своето значење уште во 1920 година, од чешкиот збор "робота" кој значи "принудена работа"? Прв пат и единствен пат робот има убиено човек во 1979 во фабриката на Ford, кога роботската рака по грешка го поткачила вработениот предизвикувајќи му повреди.

0 коментари Прочитај 29 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хардвер

Кина го претстави најмоќниот суперкомпјутер во светот

Кинескиот Национален универзитет за безбедносни технологии (NUDT) го претстави најмоќниот суперкомпјутер во светот кој достига 1.2 петафлопи, односно обработување на илјадници трилиони операции во секунда според Linpack бенчмаркот. Според Nvidia, машината достигнала рекорд од 2.5 петафлопи што значи дека Tianhe-1A (Млечниот пат) е 40% пати помоќен од ланскиот најмоќен супер компјутер Jaguar од Националната лабораторија на Оак Риџ. Споредено со просечен компјутер, што Tianhe-1А може да направи за 1 ден, на просечниот dual-core PC ќе му требаат 160 години постојана работа.

4 коментари Прочитај 28 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Како вашиот локален бизнис да се појави на Google Places

Google го претстави Place Search, oдносно пребарување кое ги организира информациите преку локации. Пример, ако пребарувате хотели во Скопје, Places ќе ви прикаже листа од локални хотели со локација заедно со дополнителни информации (како телефон, адреса, сајт, други детали...), наместо да ви ги прикажува вообичаените резултати со дел од локацијата и линкови до сајтови.

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: „Надеж“ – дали YouTube станува македонскиот Wikileaks?

<Надополнето 28.10.10:> На YouTube се појави уште едно видео поврзано со аферата „Надеж“, односно видео за документите во кои се разговара за ПР стратегијата. И овојпат видеото е закачено од анонимен корисник кој се регистрирал на YouTube истиот ден, 27.10, кога е закачено видеото. </надополнување>

2 коментари Прочитај 28 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

PlayStation телефон

Engadget објави слики од прототип од PlayStation Phone кој е хибрид меѓу телефон и гејминг уред. PlayStation Phone работи на Android Gingerbread оперативен систем и ќе има пристап до Sony пазар на игри од каде можат да се симнат игри дизајнирани за платформата..

2 коментари Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Zynga вреди повеќе од Electronic Arts, пишува BusinessWeek

Според проценетата вредност Zynga ја надминува таа на Electrоnic Arts, пишува BusinessWeek и посочува дека друштвениот гејминг ќе продолжи да расне наспрема традицоналните игри.

0 коментари Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Пристигна Office 11 за Mac, со Outlook и веб алатки

Мicrosoft го претстави Officе 11 пакетот за Mac OS. Пакетот ги содржи Word, PowerPoint, Excel, Messenger, и, за прв пат, Outlook. Дополнително пакетот ги интегрира и веб базираните Office Web апликации, SkyDrive и SharePoint.

1 коментар Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Совети

Mенаџирањето на Facebook фан страни стана поедноставно

Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.

1 коментар Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Лејди Гага e најпопуларната личност на интернет?

Поп пејачката стана рекорден на YouTube, нејзините видеа се вкупно прегледани над 1 милијарда пати, вели компанијата за интернет истражувања, Famecount.

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Firesheep додаток го пробива Facebook преку WiFi + заштита од него

Додатокот за Firefox - Firesheep овозможува да пробиете лесно нечиј профил на друштвените мрежи и други ранливи сајтови преку WiFi мрежата крадејќи им ги „колачињата“.

4 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Пoгледнете ги едукативните емисии за Еdubuntu

Пред скоро една година Министерството за информатичко општество стартуваше едукативна тв емисија за Еdubuntu, оперативниот систем на кој работат училишните компјутер од проектот „Компјутер за секое дете“.

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Совети

Достапен Blackberry App World за PC

App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.

1 коментар Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Macedonia Live Messenger – бесплатен македонски инстант комуникатор

Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.

10 коментари Прочитај 26 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Сега има над 100.000 Android апликации

Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

25-те YouTube видеа кои добија изложба во музејот Гугенхајм

YouTube Play е проект на YouTube и познатиот музеј Гугенхајм чија цел е да ја истакне новата дигитална видео уметност. YouTube и Гугенхајм ги повикаа уметниците и ентузијастите ширум светот да приложат свој проект, по што беа пријавени над 23.000 видеа од 91 земја, од нив беа изберени 125 финалисти, и сега конечно се прикажаа 25-те победнички видеа кои ќе бидат изложени во Гугенхајм.

0 коментари Прочитај 25 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед