Веб базираната соработка значи дека корисниците и на Mac и на Windows ќе можат да соработуваат при креирање на документи.
„Веб алатките даваа повеќе флексибилност и контрола при работата кога и каде сака корисникот. Office Web Apps им дозволува на корисниците да работат со било кој прелистувач од било која локација со интернет конекција додека се осигурува дека документот останува како што е креиран без врска дали е прегледан на PC или на Mac” вели Ерик Вилфрид, менаџерот за Office за Mac во блог пост.
Цената за Office 11 за Mac се движи од 99 долари за академското издание, 119 долари за домашниот пакет со една лиценца до 279 долари за бизнис изданието со 2 лиценци. Исто така корисниците ќе можат да купат Office 2008 и да го надградат во 2011 бесплатно.
[…] Превземено од http://it.com.mk/pristigna-office-11-za-mac-so-outlook-i-veb-alatki/ […]