0 коментари 1 мин. читање

Лејди Гага e најпопуларната личност на интернет?

Гага го објави рекордот преку својот Twitter профил обраќајќи им се на своите над 6 милиони следбеници. Интересно, таа е и најследената личност на друштвената мрежа.

„Мали монструми стигнавме до 1 милијарда прегледи на YouTube! Ако останеме заедно можеме да направиме се. Ве прогласувам кралеви и кралици на Youtube! Обединете се!“ вели таа во својот твит.

На Facebook пак таа е првата жива личност која има над 20 милиони фанови на својата Facebook страна.

Единствено нешто што и недостасува од друштвените мрежи е најгледано видео на YouTube, кое моментално го држи друга поп ѕвезда, 16-годишниот Џастин Бибер со над 367 милиони прегледи на видео спотот „Babу“. И Џастин Бибер е близок до 1 милијарда прегледи на YouTube, моментално има над 900 милиони.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top